Преполовен бројот на превезени патници во првото тримесечје


Фото: Б. Грданоски

Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2021 година изнесува 9.158.000 и во однос на истиот период лани е намален за 44,5 отсто, објави Државиот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42,8 отсто, во приградскиот превоз за 45,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 51,7 отсто, а во меѓународниот превоз за 60,3 отсто.

Во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 66,2 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86,8  отсто, во приградскиот превоз за 68,2 отсто, во меѓуградскиот превоз за 58,5 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 49,6 отсто.