Во Ирска од утре се затвораат баровите, рестораните, кината …


Баровите и рестораните во Ирска ќе бидат затворени од утре во 20 часот, за време на празничната сезона, до крајот на јануари, врз основа на новите владини мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. „Согласно владината одлука, новите мерки ќе важат од понеделник, 20 декември, до 30 јануари, а се однесуваат на кафеаните, рестораните, спортските …

Во Ирска од утре се затвораат баровите, рестораните, кината … Read More »

Жилијен Жубер: Енергетската ефикасност е клучна за затоплувањето на домаќинствата


Во затоплувањето на домаќинствата треба да се искористат сите расположливи обновливи извори, зависно од регионот, од земјата, со цел намалување на аерозагадувањето. Северна Македонија можеби би можела повеќе да користи сончева енергија, да се сврти кон тој извор, но важно е сите тие извори на енергија да бидат комплементарни, да се надополнуваат. Особено важна е …

Жилијен Жубер: Енергетската ефикасност е клучна за затоплувањето на домаќинствата Read More »

Во Куманово сè повеќе пациенти со постковид-компликации


Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош во кумановската болница за лекување и третман на постковид-последици по здравјето, информираат лекарите од Општата болница Куманово. Пациентите кои биле заболени од Ковид, сега се жалат на долготраен замор, болки во мускулите, тахикардија, зголемено ниво на шеќер во крвта, губење здив, проблеми со белите дробови. Најчесто пациентите …

Во Куманово сè повеќе пациенти со постковид-компликации Read More »

Хашкиот суд достави досиеја до Обвинителство на Црна Гора за повеќе од 15 осомничени за тешки кривични дела


Досиејата кои се однесуваат на повеќе од 15 осомничени за тешки кривични дела се предадени на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора. Ова за ТВЦГ го потврди портпаролката на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг, Хелена Еглестон. За сексуално насилство се товарат голем број осомничени, чии имиња фигурираат во досиејата на хашката институција. …

Хашкиот суд достави досиеја до Обвинителство на Црна Гора за повеќе од 15 осомничени за тешки кривични дела Read More »

Минималната плата од 18.000 денари не може да чека до март кога животните трошоци растат, велат од ССМ


Сојузот на синдикати на Македонија вчера поднесе предлог до Собранието и до Министерството за труд и социјална политика за донесување на закон со кој минималната плата треба да изнесува 18.000 денари. ССМ бара и висината на минималната плата да не биде пониска од 60 отсто од просечната месечна нето-плата во последните три месеци, како и …

Минималната плата од 18.000 денари не може да чека до март кога животните трошоци растат, велат од ССМ Read More »

Сексуалното вознемирување на јавен простор сѐ уште без правен лек


Светот постојано се менува, но сепак некои штетни општествени појави се уште се непроменети, една од нив е токму сексуалното вознемирување на јавен простор. Ваквото вознемирување и другите форми на сексуално насилство на јавни простори во урбаните и во руралните средини, се секојдневна појава за жените и девојките не само кај нас, туку и во …

Сексуалното вознемирување на јавен простор сѐ уште без правен лек Read More »

Не може да се докажува докажаното – македонскиот јазик има вековни корени


Во прилепско Небрегово на 19 декември 1921 година е роден Блаже Конески, македонскиот јазичен, книжевен, научнички великан. Ова е периодот на едно импозантно столетие, за сублимирање на доказите за македонскиот јазик, една од основните идентитетски одредници. Соочени со политички превирања (во нив се вплетка, неосновано, прашањето за македонскиот јазик) не треба, апсолутно, да има дилема – македонскиот јазик е …

Не може да се докажува докажаното – македонскиот јазик има вековни корени Read More »

МЗ: 98 отсто од хоспитализираните лица со Ковид-19 се невакцинирани


Бројот на позитивни и на хоспитализирани кои се невакцинирани, како и бројот на смртни случаи кај лицата кои не примиле вакцина против Ковид-19 е драстично поголем. Според последната статистика на Министерството за здравство за изминативе недели 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица, пак, кои се невакцинирани изнесува 98 …

МЗ: 98 отсто од хоспитализираните лица со Ковид-19 се невакцинирани Read More »

Британскиот министер за Брегзит поднесе оставка, не се согласува со политиките на владата


Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Фрост синоќа објави дека поднесува неотповиклива оставка, наведувајќи ја како причина „загриженоста за насоката во која се движи Владата на премиерот Борис Џонсон“. „Разочарувачки е што овој план стана јавен вечерва, и во дадените околности, мислам дека е правилно да напишам дека веднаш се повлекувам“, порача Фрост во писмото до …

Британскиот министер за Брегзит поднесе оставка, не се согласува со политиките на владата Read More »

Концерти „Музика и танц“ наменети за деца


Во Домот на Армијата денеска ќе се одржат два концерта „Музика и танц“ наменети за деца. Ќе настапи гудачкиот квартет предводен од виолинистката Пламенка Трајковска, а во чиј состав се и Сандра Крстевска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. На програмата се дела од познати класични композитори како Бокерини, Моцарт, …

Концерти „Музика и танц“ наменети за деца Read More »

Кој бил Свети Николај Чудотворец, заштит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците …


Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни што се водат според јулијанскиот календар денеска го праз­ну­ва­ат Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, све­те­цот заштит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците… Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција. Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број …

Кој бил Свети Николај Чудотворец, заштит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците … Read More »

Сто години од раѓањето на Блаже Конески


На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже …

Сто години од раѓањето на Блаже Конески Read More »

Облачно со сончеви периоди, утринските температури ниски


Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 1 до 8 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до -2 и максимална до 6 …

Облачно со сончеви периоди, утринските температури ниски Read More »

Алтернатива одлучи: Сали на местото на Филипче, Исмаили за потпретседател на Собранието


За нов министер за здравство во идната коалициска влада во која ќе учествува и Алтернатива, ќе биде предложен генералниот секретар на партијата и кандидат за градоначалник на Чаир на последните локални избори, Баким Сали. Хусни Исмаили, пак, ќе биде предложен за потпретседател на Собранието, беше одлучено вечерва на седница на централното претседателство на Алтернатива на …

Алтернатива одлучи: Сали на местото на Филипче, Исмаили за потпретседател на Собранието Read More »

Поради одрон, сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци по една коловозна лента


Сообраќајот на патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци се одвива само по една коловозна лента во должина од 150 метри. Причина за изменетиот режим на сообраќај е голем одрон на патот. Од Авто мото сојузот на Македонија вечерва соопштија дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и апелираат …

Поради одрон, сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци по една коловозна лента Read More »

СЗО: Случаите на Омикрон се удвојуваат за 1,5 до 3 дена


Варијантата Омикрон на корона вирусот е пријавена во 89 земји, а бројот на случаи се удвојува за 1,5 до три дена во областите на пренесување на вирросот во заедницата, објави во саботата Светската здравствена организација (СЗО). Омикрон брзо се шири во земјите со високо ниво на имунитет кај населението, но не е јасно дали тоа …

СЗО: Случаите на Омикрон се удвојуваат за 1,5 до 3 дена Read More »

„Тесла“ се соочува со тужба од инвеститори поради твитовите на Маск


Компанијата „Тесла“ (Tesla Inc) е тужена поради објавите на социјалните мрежи на извршниот директор Илон Маск, вклучително и неговата анкета на Твитер за продажба на дел од неговиот удел, што ги намали цените на акциите на производителот на електрични автомобили. Инвеститорот во „Тесла“, Дејвид Вагнер, побара пристап до внатрешните документи за да се испита дали …

„Тесла“ се соочува со тужба од инвеститори поради твитовите на Маск Read More »

Сијарто: ЕУ продолжува да се противи на проширувањето со Западен Балкан


Земјите од западниот и северниот дел на Европската унија продолжуваат да се противат на проширувањето на Унијата со Западен Балкан, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нарекувајќи ги неодамнешните разговори во Европскиот совет „отрезнувачки“, пренесува МТИ. ЕУ повторно не обезбеди датуми за пристапување на кандидатите од Западен Балкан, а пристапните преговори допрва …

Сијарто: ЕУ продолжува да се противи на проширувањето со Западен Балкан Read More »

Еколошкото востание одржа протест пред српската Влада


Организацијата Еколошко востание одржа протести против плановите на Рио Тинто да отвори рудник за литиум во областа Јадар кај Лозница, а најголемиот собир оваа сабота беше пред Владата на Србија, од каде беше порачано доколку до Божик не се избрише проектот „Јадар“ дека следуваат блокади и „општа мобилизација“, јави дописникот на МИА од Белград. Протести …

Еколошкото востание одржа протест пред српската Влада Read More »

Трагедија во Торино – се урна кран и усмрти најмалку тројца (фото, видео)


Најмалку три лица загинаа при уривање на кран во италијанскиот град Торино, јавија локалните медиуми. Crolla gru a Torino, morti tre operai. Feriti tre passantihttps://t.co/csWnB5Gjsa pic.twitter.com/z7jWgFbwt9 — Vivere Italia (@vivereitalia) December 18, 2021 Кранот бил потпрен на шесткатница и оштетил автомобили паркирани во близина. На местото на несреќата брзо пристигнале сите служби за итна помош.  …

Трагедија во Торино – се урна кран и усмрти најмалку тројца (фото, видео) Read More »