Поради одрон, сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци по една коловозна лента


Сообраќајот на патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци се одвива само по една коловозна лента во должина од 150 метри.

Причина за изменетиот режим на сообраќај е голем одрон на патот. Од Авто мото сојузот на Македонија вечерва соопштија дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и апелираат до возачите на внимателно возење.