Следната седмица вонредна средба на СЗО посветена на мајмунските сипаници


Светската здравствена организација свика состанок на 23 јуни на Комитетот за вонредни состојби, на кој треба да се оцени дали ширењето на мајмунски сипаници претставува вонредна состојба за јавното здравје во меѓународен контекст. Највисоко ниво на предупредувања од здравствената агенција на Обединетите нации досега се издадени само за пандемијата на Ковид и за детска парализа. …

Следната седмица вонредна средба на СЗО посветена на мајмунските сипаници Read More »

ОПЕК очекува послаба побарувачка на нафта во 2023 година


Глобалната побарувачка на нафта ќе забави во 2023 година, изјавија претставници на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и извори од индустријата, бидејќи порастот на цените на нафтата и горивото ја поттикнува инфлацијата и ја задушува светската економија. Потрошувачката на гориво закрепна по падот во пандемијата во 2020 година и оваа година се очекува да ги надмине нивоата од 2019 година и …

ОПЕК очекува послаба побарувачка на нафта во 2023 година Read More »

Љубомир Михајловски доби нов мандат да ја води Адвокатската комора, избран нов состав и на телата на Комората


Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 67-то годишно Собрание во рамки на кое беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше реизбран адвокатот Љубомир Михајловски. Како што соопштија денеска од адвокатската Комора, Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во …

Љубомир Михајловски доби нов мандат да ја води Адвокатската комора, избран нов состав и на телата на Комората Read More »

„Лабораторија за млади од Западен Балкан“: Третина од младите се невработени


Невработеноста на младите од Западен Балкан во секоја од земјите е преку 25 проценти. Неусогласеноста на образованието со потребите на пазарот на трудот и потребата од нови ИТ решенија и нов пристап кој ќе ја отслика желбата на младите, со цел формирање исправни политики за вработување, се клучните проблеми кои ги посочуваат младите од регионот, …

„Лабораторија за млади од Западен Балкан“: Третина од младите се невработени Read More »

Уганда открила големи наоѓалишта на злато


Уганда откри неколку големи наоѓалишта на злато и планира да соработува со кинеска компанија, изјави портпаролот на Министерството за развој на минерали, Соломон Мујита. -Наоѓалиштата содржат вкупно 31 милион тони златна руда од која, според некои проценки, може да се извлечат 320.000 тони чисто злато, рече Мујита вчера. Владата се согласи со кинескиот партнер да …

Уганда открила големи наоѓалишта на злато Read More »

„Гаспром“ го намали снабдувањето со гас преку „Северен тек 1“ за Германија


Рускиот енергетски гигант Гаспром го намалува својот максимален волумен на испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1 Балтичко Море до Германија за 40 проценти, наведувајќи го како причина доцнењето на поправките од страна на Сименс, соопшти денеска компанијата. Единицата за компресор за гас не била навреме вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да …

„Гаспром“ го намали снабдувањето со гас преку „Северен тек 1“ за Германија Read More »

Бектеши открива дека имало неоправдано зголемување на цените и за 80 отсто, бара солидарност од сите


Мерките секогаш ги носиме во консултација со Стопанските комори. Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши. – Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на …

Бектеши открива дека имало неоправдано зголемување на цените и за 80 отсто, бара солидарност од сите Read More »

Грковска: Естонското искуство во делот на дигиталната трансформација е од големо значење


Продлабочувањето на меѓусебната соработка, особено во делот на естонското искуство во процесот на дигитална трансформација на општеството беше тема на разговор на денешната средба во Талин меѓу вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и амбасадорката за дигитализација во естонското Министерство за надворешни прашања, Неле Леоск. На состанокот, информираат од владината Прес-служба, се разговараше …

Грковска: Естонското искуство во делот на дигиталната трансформација е од големо значење Read More »

Иконому: Грчката Влада ќе работи да се постигне целта до 2033 година Западен Балкан да биде дел од ЕУ


Се надеваме, посакуваме и грчката Влада ќе работи во насока да се постигне она што го кажа премиерот, до 2033 година Западен Балкан да биде дел од европското семејство, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по завршувањето на Самитот во Солун во петокот, како …

Иконому: Грчката Влада ќе работи да се постигне целта до 2033 година Западен Балкан да биде дел од ЕУ Read More »

(Видео) Пронајдени 15.500 стебла марихуана во штипско Карбинци во вредност од над 5 милиони евра


Полициски службеници од Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал – Сектор за криминалистички истраги и Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Штип, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Општина Карбинци ги лишија од слобода Н.С. (56), А.Н. (37) и М.С.(36), сите од село Карбинци, бидејќи кај нив …

(Видео) Пронајдени 15.500 стебла марихуана во штипско Карбинци во вредност од над 5 милиони евра Read More »

Битиќи: ФИТР ќе биде прва акредитирана институција кон Зелениот климатски фонд од Западен Балкан


Заврши вториот проект за подготвеност за Зелениот климатски фонд со кој се поставуваат темелите за климатски активности предводени од државата во иднина. Завршниот настан беше организиран од кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). За време на настанот, како што информираат од кабинетот …

Битиќи: ФИТР ќе биде прва акредитирана институција кон Зелениот климатски фонд од Западен Балкан Read More »

Пратениците од опозицијата и од власта расправаат дали ребалансот на Буџетот ќе помогне во кризата


  Во собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Пратениците од власта остануваат на ставот дека со овој ребаланс на Буџет фокусот се става кон потребите на фирмите, да се обезбеди нивна ликвидност, но и да се одржи социјалната сигурност на граѓаните. Според пратеничката од СДСМ …

Пратениците од опозицијата и од власта расправаат дали ребалансот на Буџетот ќе помогне во кризата Read More »

Нови 66 случаи на КОВИД-19 од направени 983 тестови, оздравени 115 лица


Во последните 24 часа регистрирани се нови 66 случаи на КОВИД-19, од направени 983 тестови. Оздравени се 115 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, во Скопје се 50, Битола и Охрид по 5, Македонски Брод 2, Прилеп …

Нови 66 случаи на КОВИД-19 од направени 983 тестови, оздравени 115 лица Read More »

Воведувањето четири блок тарифи за скапа струја не е противуставно, велат Зибери и Бислимоски


Народниот правобранител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски сметаат дека не се противуставни предложените измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач и воведувањето на четири блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија, односно за скапата струја. – Нашата земја и по Устав е дефинирана …

Воведувањето четири блок тарифи за скапа струја не е противуставно, велат Зибери и Бислимоски Read More »

Руски компании го преплавија Балканот, најмногу ги има во Црна Гора и во Србија


Ужасите на војната поттикнаа бран бегалци од Украина, а Обединетите нации проценија дека повеќе од шест милиони луѓе ја напуштиле земјата, главно жени, деца и нерегрутирани мажи. Од друга страна, неофицијални проценки велат дека околу пет милиони граѓани на Руската Федерација ја напуштиле земјата, пишува Ал Џезира Балканс. Прашањето е: што е со стекнатото знаење, …

Руски компании го преплавија Балканот, најмногу ги има во Црна Гора и во Србија Read More »

Маржата на лебот, шеќерот и зејтинот најмногу 5 отсто, на брашното, млекото и јајцата 10 отсто


  Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информира министерот за економија Крешник Бектеши. „Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме одлука според која започнувајќи од утре, заклучно …

Маржата на лебот, шеќерот и зејтинот најмногу 5 отсто, на брашното, млекото и јајцата 10 отсто Read More »

Маричиќ: Северна Македонија останува на европскиот пат


Не смееме да го изгубиме овој моментум за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, изјави денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на брифинг со претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/ проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата, за динамика на …

Маричиќ: Северна Македонија останува на европскиот пат Read More »

Во Јужна Кореја работниците сѐ повеќе се заменуваат со роботи


Во Јужна Кореја во јануари беше усвоен Закон за работни односи, со којшто им се дозволува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или убиени на работа. Новиот Закон предвидува и затворски казни, па ги принуди компаниите да вложуваат во роботи и да ги заменуваат луѓето со …

Во Јужна Кореја работниците сѐ повеќе се заменуваат со роботи Read More »

Промовиран проектот на ГИЗ – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“


Од денеска започнува да се спроведува проектот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“, кој има за цел да ја зајакне регионалната економска интеграција меѓу членките на ЦЕФТА преку поддршка на спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар. Министерот за економија Крешник Бектеши на промоцијата на проектот …

Промовиран проектот на ГИЗ – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“ Read More »

Се дигитализира вработувањето во хрватската администрација


Хрватскиот министер за правда Иван Маленица реши да го прекине вработувањето „преку врски“ во јавната администрација, па објави тендер за набавка на опрема со која целосно ќе се дигитализира овој процес, што практично значи дека во иднина кандидатите за државни службеници ќе бидат избрани од робот. Според загрепскиот Јутарњи лист, за тендерот веќе се пристигнати девет понуди. Владата одлучи …

Се дигитализира вработувањето во хрватската администрација Read More »