Бектеши очекува да се намалат цените на основните прехранбени производи


Министерот за економија Крешник Бектеши очекува да има намалување на малопродажните цени на основните прехранбени производи по вчерашното донесување на одлуката за ограничување на маржите. -Одлуката за ограничување на маржите за основните производи денеска е објавена во Службен весник. Од информациите што ги имаме од Пазарен инспекторат денеска до 15 часот треба сите производители и …

Бектеши очекува да се намалат цените на основните прехранбени производи Read More »

Деловната клима во Македонија низ германска лупа: Корупцијата голем проблем, пофалби за вработените


Германските компании кои работат во Македонија имаат најмногу забелешки за борбата против корупција и криминалот, а најзадоволни се од своите вработени, при што со највисока оценка се оценува продуктивноста на стручниот кадар и мотивацијата на вработените, покажа најновата Анкета за деловната клима спроведена помеѓу компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение. Покрај тоа, голем број од …

Деловната клима во Македонија низ германска лупа: Корупцијата голем проблем, пофалби за вработените Read More »

Хабек: Испораките на гас од Русија се намалени од политички, а не технички причини


Причините за намалувањето на испораките на гас од Русија се политички, а не технички, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек. -Се уште не е готово, рече Хабек, додавајќи дека се уште постои можност за ограничување на испораките на енергенти од Русија, пренесуваат британските медиуми. „Газпром“ вчера соопшти дека го намалил снабдувањето на Германија …

Хабек: Испораките на гас од Русија се намалени од политички, а не технички причини Read More »

ЕУ подготви флота од 12 авиони канадери и еден хеликоптер за сезоната на пожари


Флота од 12 противпожарни авиони и еден хеликоптер од денеска е во функција и е подготвена за интервенции ширум Европската унија, соопшти денеска Европската комисија. Флотата е подготвена да се распореди летово, кога е потребен заеднички европски одговор, за да се спасат животи, средства за живот и животна средина, соопшти комисијата. Дванаесет авиони и еден …

ЕУ подготви флота од 12 авиони канадери и еден хеликоптер за сезоната на пожари Read More »

Народната банка ја зголеми каматната стапка на два отсто, ќе растат и каматите кај банките


Народната банка повлече уште еден потег со кој настојува да влијае врз растечката стапка на инфлација – одлучи да ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на два отсто. Ова е трето по ред зголемување на каматата на благајничките записи по 0,25 процентни поени, откако тоа претходно го направи во април и во …

Народната банка ја зголеми каматната стапка на два отсто, ќе растат и каматите кај банките Read More »

Од 1 јули домаќинствата и фирмите ќе може да постават фотоволтаици и да ја продава произведената струја


Граѓаните од 1 јули годинава непречено ќе може да поставуваат фотоволтаици за производство на електрична енергија на своите покриви со инсталирана моќ до шест киловат часови, а универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ ќе биде должен да им го откупи вишокот на произведена струја или да им одбие од сметката кога ќе трошат повеќе од произведеното. Ова …

Од 1 јули домаќинствата и фирмите ќе може да постават фотоволтаици и да ја продава произведената струја Read More »

Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2022 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на април и изнесува 13,4, а во однос на мај 2021 година е намален за 1,4 процентни поени, соопшти Државниот завод за статистика. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки …

Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија Read More »

Германски ДХЛ ги зголемува цените за испорака на пакети до 3,5 евра


Германскиот логистички гигант ДХЛ во понеделникот објави дека ќе ги зголеми цените за испорака на пакети во јули поради повисоките трошоци за работна сила и транспорт. Дел од групацијата Deutsche Post, ДХЛ планира на 1 јули да ја зголеми цената на испораката на пакети во странство за едно до 3,5 евра, со исклучок на испораките …

Германски ДХЛ ги зголемува цените за испорака на пакети до 3,5 евра Read More »

ССМ ги повикува пратениците да го изгласаат амандманот за усогласување на платите во јавниот сектор


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува пратениците од власта и опозицијата да го изгласаат амандманот за усогласување на платите за 2.806 денари во јавниот сектор пред, како што велат, дополнителното зголемување на цените на електричната енергија, нафтените деривати и новите ценовни шокови. -Гласајте го амандманот на ССМ за усогласување на платите за 2.806 …

ССМ ги повикува пратениците да го изгласаат амандманот за усогласување на платите во јавниот сектор Read More »

Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за заштита на личните податоци склучија меморандум за соработка


Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) потпишаа Меморандум за соработка за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија. -Меморандумот ги изразува заложбите на МБА и АЗЛП за соработка во областа на заштитата на личните податоци со цел ефикасна и целосна имплементација на законските прописи и …

Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за заштита на личните податоци склучија меморандум за соработка Read More »

Објавено рангирањето за конкурентност: Данска прв пат на врвот, голем скок на земјите од источна Европа


Напорите за ограничување на влијанието на компаниите врз животната средина би можеле да бидат спречени со растечките инфлациски притисоци и геополитички конфликти, според Светската скала за конкурентност на IMD ​​за 2022 година, на која Данска за првпат го презема водството. Инфлациските притисоци имаат поголемо влијание врз бизнисите, а со тоа и врз конкурентноста на националните …

Објавено рангирањето за конкурентност: Данска прв пат на врвот, голем скок на земјите од источна Европа Read More »

Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво


Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија „ЕЛЕС“. – Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се …

Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво Read More »

Тајгер Вудс во клубот на милијардери


Американскиот голф играч Тајгер Вудс им се приклучи на кошаркарите Леброн Џејмс и Мајкл Џордан меѓу спортистите, чија заработка се проценува на повеќе од една милијарда долари, објави магазинот „Форбс“. Вудс, кој оваа пролет се врати на голф терените по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатата година, во својата кариера досега заработил 1.7 милијарди …

Тајгер Вудс во клубот на милијардери Read More »

Надал тренираше на трева, но настапот на Вимблдон се уште неизвесен


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го имаше првиот полесен тренинг на тревна подлога по триумфот на Ролан Гарос во Париз и освојувањето на својот 22 Грен – слем турнир во кариерата. Како што јавуваат агенции, настапот на Надал на Вимблдон, сепак, останува неизвесен поради проблемите со неговото повредено стапало. Вимлбдон стартува на 27 јуни, а Шпанецот …

Надал тренираше на трева, но настапот на Вимблдон се уште неизвесен Read More »

Србија нема да отвори нов кластер поради невоведувањето санкции против Русија


Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни …

Србија нема да отвори нов кластер поради невоведувањето санкции против Русија Read More »

Навивачи претепале до смрт фудбалски судија во Салвадор


Салвадорски фудбалски судија е претепан до смрт од фудбалски навивачи и играчи за време на натпревар одигран во главниот град на државата Сан Салвадор. Судијата Хозе Амолдо Амаја (63) го загубил животот како последица на повреди здобиени на натпревар, кој го судел на стадионот „Толука“ во Сан Салвадор. За време на натпреварот судијата прво бил …

Навивачи претепале до смрт фудбалски судија во Салвадор Read More »

Преку два огласи за закуп ќе се понудат 4.000 хектари земјоделско земјиште


На денешната седница Владата ја усвои Информацијата за давање на согласност за распишување на два јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Со првиот оглас се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од …

Преку два огласи за закуп ќе се понудат 4.000 хектари земјоделско земјиште Read More »

ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков


Заменикот-претседател на ГЕРБ, Томислав Дончев, на денешната прес-конференција соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето во 47. Народно собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика. Ова поглавје од …

ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков Read More »

Владата донесе одлука за ограничување на маржите на основните прехранбени производи


Владата на Република Северна Македонија на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопшти владината прес-служба. Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација …

Владата донесе одлука за ограничување на маржите на основните прехранбени производи Read More »

По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров


Данска и Канада ќе го поделат на еднакви делови малиот ненаселен остров на Арктикот, познат како Ханс Ајленд, со што ќе се стави крај на речиси 50-годишниот спор околу сопственоста на оваа територија, соопшти денеска данското Министерство за надворешни работи. Канада и Данска ќе го поделат островот од 1,2 квадратни километри, што се наоѓа на …

По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров Read More »