ЕУ подготви флота од 12 авиони канадери и еден хеликоптер за сезоната на пожари


Флота од 12 противпожарни авиони и еден хеликоптер од денеска е во функција и е подготвена за интервенции ширум Европската унија, соопшти денеска Европската комисија.

Флотата е подготвена да се распореди летово, кога е потребен заеднички европски одговор, за да се спасат животи, средства за живот и животна средина, соопшти комисијата.

Дванаесет авиони и еден хеликоптер се наоѓаат во Хрватска, Франција, Грција, Италија, Шпанија и Шведска. Секоја од шесте земји обезбедува по два противпожарни авиони, а Грција обезбедува дополнителен хеликоптер.

Противпожарната флота е дел од Механизмот за цивилна заштита, односно системот rescEU, европската резерва на дополнителни капацитети.

-Минатата година бевме сведоци на втората најлоша сезона на пожари во ЕУ, што беше болен потсетник за разорниот ефект на шумските пожари врз животите на Европејците. Од денеска во функција е флотата од 13 летала за да се обезбеди дополнителна заштита, изјави комесарот за кризни состојби Јанез Ленарачич.