Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. …

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер Read More »

Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С отворен фестивалот „Скопско лето“


Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С вечер свечено беше отворено овогодинешното 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето“. Концертот се одржа во салонот на Национална опера и балет, под диригентската палка на Тимоти Редмонд и тоа на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката. Овој концерт, како што информираа организаторите, е …

Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С отворен фестивалот „Скопско лето“ Read More »

Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД, потврди Пендаровски


Сегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Телевизија 24. – Денеска стигна агреманот за господинот Зоран Попов. Добивме согласност од американска страна. Се надевам дека до септември ќе имаме амбасадор во Вашингтон, …

Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД, потврди Пендаровски Read More »

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани


Собраниската Комисијата за финансирање и буџет го заврши вториот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за оваа година. Досега се разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани и ниту еден од разгледаните не беше усвоен. Ова е петтиот од вкупно десет дена, кои се предвидени според Деловникот за расправа во матичната Комисија и …

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани Read More »

Спасени изгубени велосипедисти во пределот после село Кожле


Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле. Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу …

Спасени изгубени велосипедисти во пределот после село Кожле Read More »

Германија ги испорача ветените хаубици на Украина


Германски самоодни хаубици пристигнаа денеска во Украина, со што Германија за првпат по рускиот напад на 24 февруари испорача тешко оружје. „Благодарам на Германија за испорачаните хаубици“, се заблагодари преку Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Ресников на германската колешка Кристин Ламбрехт. Станува збор за веќе ветените седум самоодни хаубици од типот 2000, кои Германија …

Германија ги испорача ветените хаубици на Украина Read More »

Џафери распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово


Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности денеска распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово. Согласно Решението што го донесе Џафери врз основа на Изборниот законик, изборите за членови на Советот на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година. На денешната седница на Државната изборна комисија беше утврдено …

Џафери распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово Read More »

Исплата на пензиите од 28 јуни


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. Со овие препораки, како што информира Владата, деловните банки ќе …

Исплата на пензиите од 28 јуни Read More »

Утврден предлог законот за основање културно-информативни центри во Белград и Скопје


На денешната 54-та седница на Владата, министрите го разгледаа и утврдија предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје. Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на …

Утврден предлог законот за основање културно-информативни центри во Белград и Скопје Read More »

Донесена одлука за испраќање 31 припадник на Армијата во КФОР во Косово


Владата на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата КФОР во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата за учество на …

Донесена одлука за испраќање 31 припадник на Армијата во КФОР во Косово Read More »

(Галерија) Почна летото


Летото во Македонија и на северната хемисфера и календарски почна денес во 11 часот и 13 минути. Почетокот на најтоплото годишно време одговараше во вистинска смисла на она што традиционално е добро познато на овие простори – сонце, топло време, сув воздух… Сепак, и покрај жештините, животот во главниот град на Македонија, Скопје, не престанува. …

(Галерија) Почна летото Read More »

Прaвната сигурност најголем проблем: Што им рекоа германските стопанственици на Тупанчевски и на Маричиќ


Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германското стопанско здружение денеска во Скопје беа домаќини на првата панел дискусија на тема: „Владеење на правото за економски раст во Северна Македонија“. На отворањето на настанот, директор на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс, соопшти дека анкетата за деловната клима во Северна Македонија, која веќе 17 години по ред …

Прaвната сигурност најголем проблем: Што им рекоа германските стопанственици на Тупанчевски и на Маричиќ Read More »

Изборите за Совет на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август


Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука изборите за Совет на Општина Тетово да се одржат на 20 август 2022 година, а болните и немоќни лица и сите други категории кои според Законот имаат основа да гласаат, ќе можат да го остварат гласачкото прабво ден претходно, на 19 август. – Јавниот увид во избирачкиот список …

Изборите за Совет на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август Read More »

Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон


Србинот Новак Ѓоковиќ во машка и полската тенисерка Ига Швјонтек во женска конкуренција се први носители на претстојниот Грен – слем турнир во Вимблдон. Втор носител е освојувачот на годинешните грен – слем титули на Австралија Опен и Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, а следат Норвежанецот Каспер Руд, Гркот Стефанос Циципас и младиот Карлос Алкараз од Шпанија. Кај тенисерките, втора носителка е Естонката …

Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон Read More »

Бугарската православна црква ја призна МПЦ, името допрва ќе се разгледува


Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука за во врска со канонскиот статус и укинувањете на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија. – Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј …

Бугарската православна црква ја призна МПЦ, името допрва ќе се разгледува Read More »

Раководството на Твитер препорача компанијата да му биде продадена на Маск


Раководството на Твитер едногласно им препорача на акционерите да ја одобрат предложената продажба на компанијата за 44 милијарди долари на американскиот иноватор Илон Маск, се наведува во документот доставен денеска до американските власти. Основачот на „Тесла“, на „Спејс Икс“ и најбогатиот човек во светот, на минатонеделниот виртуелен состанок со вработените во Твитер, повтори дека сака да продолжи со аквизицијата, …

Раководството на Твитер препорача компанијата да му биде продадена на Маск Read More »

Синдикатите на авиокомпаниите „Рајанер“ и на „Изиџет“ повикуваат на штрајк


Неколку европски синдикати на кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Рајанер“ повикаа на штрајк следниот викенд во Франција, Шпанија, Белгија, Италија и Португалија, додека шпанскиот синдикат исто така повика на деветдневен штрајк во јули во „Изиџет“. Вработените во ирската нискобуџетна компанија треба да штрајкуваат во сабота и недела за да побараат „спроведување на законот за работни односи …

Синдикатите на авиокомпаниите „Рајанер“ и на „Изиџет“ повикуваат на штрајк Read More »

Стандардот во Македонија лани се подобрил, но сѐ уште не е ни половина од просекот во ЕУ


Стандардот на граѓаните во Северна Македонија минатата 2021 година бил нешто подобар во однос на една година претходно, но и натаму значајно заостанува зад просекот на Европската унија, покажуваат процените што ги објави Европскиот завод за статистика Евростат. Така, минатата година стандардот во нашата земја бил 49 отсто од просекот на ЕУ, додека една година …

Стандардот во Македонија лани се подобрил, но сѐ уште не е ни половина од просекот во ЕУ Read More »

Војната во Украина ја покажа Ахиловата пета на Германија – индустријата очекува помал раст


Германската индустрија драстично ја намали прогнозата за економски раст за оваа година, на само 1,5 отсто, соопшти германската асоцијација на индустријата по повод Денот на индустријата. На почетокот на годината индустријата и натаму прогнозираше раст од 3,5 отсто за тековната година. Претседателот на Здружението на германската индустрија Зигфрид Русвурм изјави дека војната во Украина ја …

Војната во Украина ја покажа Ахиловата пета на Германија – индустријата очекува помал раст Read More »

Бектеши незадоволен од намалувањето на цените, најави проширување на одлуката за трговските маржи


Цените не се намалени согласно нашите очекувања со одлуката за замрзнување на маржите и најверојатно во текот на наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот на кој се прави трговијата, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -На дневна основа ја следиме состојбата и добиваме извештаи од страна на Државен …

Бектеши незадоволен од намалувањето на цените, најави проширување на одлуката за трговските маржи Read More »