Бугарската православна црква ја призна МПЦ, името допрва ќе се разгледува

Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува, се наведува во одлуката Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија


Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука за во врска со канонскиот статус и укинувањете на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија.

– Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија Бог и духовна радост добредојдени одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува, се наведува во одлуката Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија.