(Галерија) Почна летото


Фото: Б. Грданоски

Летото во Македонија и на северната хемисфера и календарски почна денес во 11 часот и 13 минути.

Почетокот на најтоплото годишно време одговараше во вистинска смисла на она што традиционално е добро познато на овие простори – сонце, топло време, сув воздух…
Сепак, и покрај жештините, животот во главниот град на Македонија, Скопје, не престанува. Иако, забележлива е помала фреквенција на луѓе, што веројатно се должи на искористувањето старите годишни одмори. 
 
 
Оние што остануваат дома, можат да сметаат на добра забава во деновите што претстојат – најавени се повеќе културни и забавни настани, концерти, излжби, а тука секако се и кафулињата и познатите скопски ресторани каде што во секое време може добро да се јаде.  

 

Инаку, метеоролозите за утре и за в четврток најавуваат уште потопло време, иако во попладневните часови не исклучуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветар.

Фоторепортерот на Независен, Боро Грданоски, направи обиколка низ градот и еве што забележа тој низ објективот на неговата камера. 

 

 
Инаку, летото на северната хемисфера завршува на 23 септември, во три часот и три минути. 

Дотогаш, да уживаме, колку што можеме, во сончевите денови.

(Фото: Б. Грданоски)