Музичка промоција на „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен


Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен денеска во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во Скопје сити мол ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и претставува своевидно сведоштво за незавидната состојба …

Музичка промоција на „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен Read More »

Промоција на добитниците на наградата ДЕНЕС 2022 во Националната галерија


Во Националната галерија на Република Северна Македонија вечер ќе бидат промовирани четворицата уметници финалисти на наградата ДЕНЕС 2022, Дарко Алексовски, Ивана Мирчевска, Кристина Пулејкова и Зоран Шекеров. Организацијата „Факултет за работи што не се учат“ во соработка со Центар за современи уметности – Скопје, Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA), резиденциската програма Residency Unlimited (RU), Њујорк и фондацијата …

Промоција на добитниците на наградата ДЕНЕС 2022 во Националната галерија Read More »

Изложба на Решат Амети во галеријата на КИЦ во Загреб


Во галеријата на Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот Решат Амети со три заокружени циклуси на дела создадени во последните десетина години „Од традицијата“ и „Пробив на светлината“. – Сликарот Решат Амети не е непознат на загрепската публика, згора на тоа, има постојан круг пријатели …

Изложба на Решат Амети во галеријата на КИЦ во Загреб Read More »

Без вода дел од бул „Трета македонска бригада“


Поради менување на вентил во шахта, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Трета македонска бригада“, вклучително и објектите на Агенцијата за национална безбедност и „Жито Лукс“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до санација на дефектот, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. …

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер Read More »

Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С отворен фестивалот „Скопско лето“


Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С вечер свечено беше отворено овогодинешното 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето“. Концертот се одржа во салонот на Национална опера и балет, под диригентската палка на Тимоти Редмонд и тоа на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката. Овој концерт, како што информираа организаторите, е …

Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С отворен фестивалот „Скопско лето“ Read More »

Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД, потврди Пендаровски


Сегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Телевизија 24. – Денеска стигна агреманот за господинот Зоран Попов. Добивме согласност од американска страна. Се надевам дека до септември ќе имаме амбасадор во Вашингтон, …

Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД, потврди Пендаровски Read More »

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани


Собраниската Комисијата за финансирање и буџет го заврши вториот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за оваа година. Досега се разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани и ниту еден од разгледаните не беше усвоен. Ова е петтиот од вкупно десет дена, кои се предвидени според Деловникот за расправа во матичната Комисија и …

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани Read More »

Спасени изгубени велосипедисти во пределот после село Кожле


Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле. Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу …

Спасени изгубени велосипедисти во пределот после село Кожле Read More »

Германија ги испорача ветените хаубици на Украина


Германски самоодни хаубици пристигнаа денеска во Украина, со што Германија за првпат по рускиот напад на 24 февруари испорача тешко оружје. „Благодарам на Германија за испорачаните хаубици“, се заблагодари преку Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Ресников на германската колешка Кристин Ламбрехт. Станува збор за веќе ветените седум самоодни хаубици од типот 2000, кои Германија …

Германија ги испорача ветените хаубици на Украина Read More »

Џафери распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово


Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности денеска распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово. Согласно Решението што го донесе Џафери врз основа на Изборниот законик, изборите за членови на Советот на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година. На денешната седница на Државната изборна комисија беше утврдено …

Џафери распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово Read More »

Исплата на пензиите од 28 јуни


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. Со овие препораки, како што информира Владата, деловните банки ќе …

Исплата на пензиите од 28 јуни Read More »

Утврден предлог законот за основање културно-информативни центри во Белград и Скопје


На денешната 54-та седница на Владата, министрите го разгледаа и утврдија предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје. Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на …

Утврден предлог законот за основање културно-информативни центри во Белград и Скопје Read More »

Донесена одлука за испраќање 31 припадник на Армијата во КФОР во Косово


Владата на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата КФОР во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата за учество на …

Донесена одлука за испраќање 31 припадник на Армијата во КФОР во Косово Read More »

(Галерија) Почна летото


Летото во Македонија и на северната хемисфера и календарски почна денес во 11 часот и 13 минути. Почетокот на најтоплото годишно време одговараше во вистинска смисла на она што традиционално е добро познато на овие простори – сонце, топло време, сув воздух… Сепак, и покрај жештините, животот во главниот град на Македонија, Скопје, не престанува. …

(Галерија) Почна летото Read More »

Прaвната сигурност најголем проблем: Што им рекоа германските стопанственици на Тупанчевски и на Маричиќ


Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германското стопанско здружение денеска во Скопје беа домаќини на првата панел дискусија на тема: „Владеење на правото за економски раст во Северна Македонија“. На отворањето на настанот, директор на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс, соопшти дека анкетата за деловната клима во Северна Македонија, која веќе 17 години по ред …

Прaвната сигурност најголем проблем: Што им рекоа германските стопанственици на Тупанчевски и на Маричиќ Read More »

Изборите за Совет на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август


Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука изборите за Совет на Општина Тетово да се одржат на 20 август 2022 година, а болните и немоќни лица и сите други категории кои според Законот имаат основа да гласаат, ќе можат да го остварат гласачкото прабво ден претходно, на 19 август. – Јавниот увид во избирачкиот список …

Изборите за Совет на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август Read More »

Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон


Србинот Новак Ѓоковиќ во машка и полската тенисерка Ига Швјонтек во женска конкуренција се први носители на претстојниот Грен – слем турнир во Вимблдон. Втор носител е освојувачот на годинешните грен – слем титули на Австралија Опен и Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, а следат Норвежанецот Каспер Руд, Гркот Стефанос Циципас и младиот Карлос Алкараз од Шпанија. Кај тенисерките, втора носителка е Естонката …

Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон Read More »

Бугарската православна црква ја призна МПЦ, името допрва ќе се разгледува


Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука за во врска со канонскиот статус и укинувањете на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија. – Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј …

Бугарската православна црква ја призна МПЦ, името допрва ќе се разгледува Read More »

Раководството на Твитер препорача компанијата да му биде продадена на Маск


Раководството на Твитер едногласно им препорача на акционерите да ја одобрат предложената продажба на компанијата за 44 милијарди долари на американскиот иноватор Илон Маск, се наведува во документот доставен денеска до американските власти. Основачот на „Тесла“, на „Спејс Икс“ и најбогатиот човек во светот, на минатонеделниот виртуелен состанок со вработените во Твитер, повтори дека сака да продолжи со аквизицијата, …

Раководството на Твитер препорача компанијата да му биде продадена на Маск Read More »