„Интимност и интерконекција“ е годинешната тема на изложбата „Зимски салон“ на ДЛУМ


Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и оваа година ја организира една од традиционално најзначајните групни изложби која претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор на Зимски Салон. Годинава, темата е ,,Интимност и интерконекција” а годинашна кураторка  е Oксана Карповец од Украина, која денес живее и работи во Париз, Изложбата […]

Архитектот Здравко Рафаиловски е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов”


Архитектот Здравко Рафаиловски е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2023 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија. По дипломирањето, во 1975 година, архитект Рафаиловски започнува да работи во оперативата на ГП […]

Концерт на Даниела Мартиновиќ во Филхармонија – по 11 распродадени Универзални


Даниела Мартиновиќ и нејзиниот бенд на 17 март премиерно, за прв пат во Македонска филхармонија, најавува Авалон продукција.  „Кога сме кај затворањето на круговите со ,,30 години Авалон”, мора да се навратиме на едно име кое е важно за нас, а среќа и за вас. И ние си имавме наша транзиција во работата, која започна […]

Без вода дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска, од 9 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Невеска“, „Воденска“, дел од „Разловечко Востание“ и дел од „Волгоградска“, во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на ул. Невеска 4. Корисниците без вода ќе бидат до завршување со санација на дефектот. 

Балетот „Дамата со камелии“ вечерва во НОБ


 На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од […]

Без струја дел од општините Чучер Сандево, Бутел, Кисела Вода и Зелениково


ЕВН Македонија известува дека денеска без струја ќе бидат селата Побожје и Горњани во општина Чучер Сандево, како и неколку улици во општините Кисела Вода и Бутел и село Зелениково. Прекинот на струја во село Побожје ќе биде од 9 до 13 часот. Покрај селото Побожје, во општина Чучер Сандево без струја ќе бидат и […]

Почеток на градежните работи на Универзална сала


Министерството за култура денеска пред Универзалната сала ќе го објави почетокот на градежните работи на овој објект. Најавено е присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, управителот на фирмата изведувач „Универзал-Балкан“, Билјана Блажевска, проектант од „Мегарон инженеринг“, Бујар Муча и надзорниот […]

Почесна Златна мечка на Берлинале за Мартин Скорсезе


Мартин Скорсезе беше пречекан со громогласни овации додека слегуваше од својот автомобил во Берлинале Палас во вторникот вечерта и почна да дава автограми за толпата собрана оваа студена берлинска ноќ. Оскаровецот е добитник на почесна Златна мечка за животно дело на 74-то Берлинале. „Марти!! Марти!!“ толпата скандираше, додека Скорсезе им позираше на фотографите пред да […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец


 Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 21 февруари 2024 година, 52-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 314 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 17 часот и 13 минути. Денов трае 10 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести


Д-р Александар Петличковски не е сменет од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести, информира Министерството за здравство. -Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да ја извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација, посочуваат од Министерство за здравство. Дел од медиумите денеска објавија […]

Во МНТ започнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“, премиера во април


Во Македонскиот народен театар започнаа подготовките за претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов. Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во […]

Ајра вон Фустенберг, смртта на „принцезата од  Марбела“


Според британскиот писател Ник Фулкс, Ајра вон Фустенберг „била голема во своето време, која ги полнела весниците со наслови, како што денес тоа го прави некој како Кардашијан“. Принцеза по раѓање и модел, актерка и дизајнерка по избор, Вон Фустенберг почина во понеделникот на 83-годишна возраст. Нејзиното целосно име гласеше Вирџинија Каролина Тереза Панкразија Галдина […]

Костнер го носи Холивуд во Јута, гради ново филмско студио


Кевин Костнер штотуку го финализираше својот развод од Кристин Баумгартнер минатата недела, а сега тој продолжува со својот следен голем потег во кариерата. 69-годишниот актер се подготвува да донесе малку холивудски гламур на планините во Јута. Следниот чин на Костнер вклучува изградба на високотехнолошки филмско студио во Сент Џорџ, кој се наоѓа во јужниот дел […]

Ана Франговска е новата претседателка на АИКА Македонија


Ана Франговска е новата претседателка на Меѓународното здружение на ликовни критичари, AICA Македонија, избрана едногласно на состанокот од 15 февруари, откако Јованка Попова, претходната претседателка, поднесе оставка. Франговска (1978, Скопје) е кустос-советник во Националната галерија на Република Северна Македонија од 2006 година и предава на Институтот за историја на уметност и археологија, Филозофски факултет, од […]

„Ѓаволот носи Прада“ се враќа како мјузикл, еве кој ќе ја глуми Мерил Стрип


Ванеса Вилијамс, позната по нејзиниот портрет на застрашувачката Вилхелмина Слејтер во саканата ТВ серија Грдата Бети, треба да зачекори назад во чевлите на негативец додека ја презема легендарната улога на Миранда Пристли во сценската адаптација на Елтон Џон на The Devil Wears Prada. Соопштението дојде во понеделникот, при што продукцијата ја откри Вилијамс како ѕвезда […]

Втора претстава на мјузиклот „Веселите девојки“ во Скопје


Закажана е втора претстава на мјузиклот „Веселите девојки“ и тоа на 24 март во „Македонска филхармонија“, откако првата претстава на 23 се распродаде.    Тијана Дапчевиќ ја игра една од главните улоги, а заедно со неа, на сцената во Филхармонија ќе застанат и Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.   Популарните […]

Ќе го сочуваме ли статусот: Охридскиот регион и годинава под лупа на УНЕСКО


Северна Македонија во 2023 година продолжи посветено да работи на зачувување на статусот на Охридскиот Регион и на исполнување на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО и неговите советодавни тела во 2017 и во 2020 година, беше нагласено на шестата седница на Националната комисија за УНЕСКО. На седницата претседаваше министерката за култура и претседателка […]

Во Германија не може да се влезе со стариот македонски пасош


  Македонскиот пасош со старото име можеби сѐ уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче веле објаснуваат дека со пасошот без уставното име не може да се влезе во Германија, доколку патникот доаѓа од  Македонија или од трета држава.  Техничкиот министер за внатрешни работи […]

Регионална конференција за вино


Во организација на Здружението „Вина од Македонија“ и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH), денеска во М6 Едукативниот центар, во 9 часот, ќе се одржи Регионална конференција посветена на глобалниот пазар на вино и предизвиците со кои моментално се соочуваат винарниците. Во текот на конференцијата, како што соопштуваат организаторите, […]