Регионална конференција за вино


Во организација на Здружението „Вина од Македонија“ и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH), денеска во М6 Едукативниот центар, во 9 часот, ќе се одржи Регионална конференција посветена на глобалниот пазар на вино и предизвиците со кои моментално се соочуваат винарниците. Во текот на конференцијата, како што соопштуваат организаторите, […]

Претставата „Нора – Куќа за кукли“ на сцената на Битеф Театар во Белград


На сцената на Битеф Театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора – Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска. Претставата е дел од годинешната селекција на Битеф Театар за „Месецот на независна сцена“. Оваа претстава е првата во продукција на Интернационалниот Театарски Фестивал – ИНТЕФ од […]

Делови од Сарај и Чучер Сандево без струја


Без струја денеска ќе останат делови од општините Сарај и Чучер Сандево, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од „ЕВН Македонија“ АД пристигнала информација дека во период од 08.30 до 11 часот, без напојувањe ќе останат дел од потрошувачите на село Крушопек, општина Сарај. Во период од осум до 15 часот, […]

Променливо облачно со локален слаб дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 20  февруари 2024 година, 51-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 315 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 24 минути, а ќе зајде во 17 часот и 12 минути. Денов трае 10 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Ревија на Модна недела во Лондон предизвика дипломатска бура, еве зошто


Лондон – Колекцијата есен/зима 2024 година во која дизајнерот Ердем Моралиоглу вешто ги испреплетува античкиот и модерниот свет, претставена во Британскиот музеј меѓу впечатливите скулптури од Партенон, предизвика жестока дебата, постојано поставувајќи прашања за изложувањето и сопственоста на културните артефакти. Бурата ја предизвика грчката министерка за култура Лина Мендони, која јавно го изрази својот гнев […]

ЗНМ: Пријава против Миленко Неделковски за говор на омраза кон новинарите на Метаморфозис


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека го осудува грозното етикетирање, навреди и ширењето говор на омраза од страна на лицето Миленко Неделковски кон новинарите од Фондацијата Метаморфозис. Неделковски во својата видео објава на Јутјуб насловена како „факт чекирања на фак чекерите“ продолжи со негативната практика на етикетирање и ширење на говор на омраза. […]

Третата продавница на H&M во Скопје се отвара на 7 март


Шведската модна компанија H&M ги отвора вратите на својата трета продавница во Скопје, во Skopje City Mall, на 7март, во 10 часот. H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од 1,477 м².  Клиентите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната куповина, од денот на отворањето до недела, 10 март. Дополнително, […]

Jурица Паѓен, фронтмен на „Аеродром“, доаѓа во Скопје: Промоција, матине и дел од концертен спектакл


Овој петок, 23 февруари 2024 во Градска кафеана Пелистер, Croatia Records Makedonija организира  пладневно матине со Јурица Паѓен, фронтмен на легендарниот загребски состав „Аеродром“. На средба со новинарите ќе бидат претставени двете актуелни изданија на Јура и „Аеродром“, објавени под етикета на Croatia Records – студискиот албум „Дневни ритуали“ и колекција хитови „Greatest Hits Collection“. Јурица Паѓен на музичката […]

Боно и „Ју-ту“ му оддадоа почит на починатиот Алексеј Навални


Лас Вегас – Предводникот на ирската поп-рок група „Ју-ту“ – Боно го скандираше името на Алексеј Навални со публиката на концертот во Лас Вегас, САД. – Путин никогаш не би го кажал неговото име. Затоа, мислев, вечерва луѓето кои веруваат во слободата треба да го изговорат неговото име, рече пејачот.   „Толпата вечерва го воспева… АЛЕКСЕЈ […]

Харисон Форд зад себе остави сценарио за „Војна на ѕвездите“. Само што се продаде за 13.600 долари


Нацрт-сценариото од оригиналната филмска трилогија „Војна на ѕвездите“, оставено во лондонски дом изнајмен од актерот Харисон Форд во 1970-тите, е продаден за повеќе од 10.000 долари на аукција. Четвртиот нацрт на сценариото кој стана епски филм од 1977 година „Војна на ѕвездите: Епизода IV – Нова надеж“ беше неврзан и нецелосен. Но, вклучуваше иконски сцени, […]

Три години без Балашевиќ- нашиот живот веќе не е ист


Три години без единствениот Ѓорѓе Балашевиќ кој почина на 67-годишна возраст на 19 февруари 2021 година, од последици на коронавирусот на Инфективната клиника во Нови Сад.  На интернет масовно се споделуваат неговите песни, стихови и цитати. Еден од најпопуларните цитати е пораката што ја напишал Балашевиќ како средношколец во втора година. „Ќе се родам повторно. […]

Втор концерт на Каролина во “Pure”


Не само поради фактот што интересот за веќе распродадениот концерт на Каролина закажан на 1 март стана реален после неговото распродавање, туку како што е ред, и бидејќи многу други празници имаат свое продолжено дејство, Авалон Продукција се одлучи да закаже и втор концерт на Каролина во уште подобар ден – сабота, 2 март, од […]

Закажан втор концерт на Петар Грашо во Скопје


Петар Грашо го распродаде првиот и ќе одржи втор концерт во „Македонска филхармонија“. Вториот концерт е закажан за 27-ми април од 21 часот. Првиот концерт на Грашо е ден претходно, односно на 26-ти април. Човекот кој во моментов претставува хрватска институција, ќе имате можност да го гледате и слушате во интимен амбиент во Скопје, каде […]

„Хармонија“ – Бернштајн, Гершвин и Гулда во изведба на Филхармонија


Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист кој со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен “Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/Шпанија. На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци […]

Руни Мара е бремена, го очекува второто бебе со Хоакин Феникс


Руни Мара е бремена! Актерката (38) го очекува своето второ бебе со свршеникот Хоакин Феникс. Мара присуствуваше на премиерата на La Cocina на Берлинскиот филмски фестивал во Германија во петокот навечер, кога го покажа трудничкиот стомак под долгиот црн фустан. Мара и Феникс (49) – кои се свршија во 2019 година по првата средба во […]

Основачот на „Бич бојс“, Брајан Вилсон, има деменција, се огласи неговото семејство


  Брајан Вилсон, еден од основачите на американскиот бенд „Бич бојс“, кој е формиран во 1961 година во Калифорнија, се соочува со сериозни здравствени проблеми. Имено, на 81-годишниот пејач, текстописец и музички продуцент му била дијагностицирана деменција, а неговото семејство за сѐ ја информирало јавноста со долга објава на социјалните мрежи и откри дека на […]

Најстудено утрово во Берово


Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Берово. Следат Попова Шапка со -4 степени, -2 Крива Паланка, Струмица, Маврови Анови, -1 Штип, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Крушево, 1 Битола, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Куманово, Претор и 3 степени во Кавадарци и во Велес. На Попова Шапка има 3 сантиметри […]

Улици од три скопски општини денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10 (општина Ѓорче Петров) – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 12 во село Долно Лисиче (општина Аеродром) – во перидот од […]

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет


Од денеска до четврток ќе се држи 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Темата на овогодинешната Меѓународна недела е „Вештачката интелигенција во хуманистичките и општествените науки“.  Во рамки на настанот ќе биде одиграна и претстава – „Бикот на Фаларис“, монодрама напишана и во изведба на Стивен Фридман.