Регионална конференција за вино
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2020/09/teran-vino.jpg)
Во организација на Здружението „Вина од Македонија“ и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH), денеска во М6 Едукативниот центар, во 9 часот, ќе се одржи Регионална конференција посветена на глобалниот пазар на вино и предизвиците со кои моментално се соочуваат винарниците.
Во текот на конференцијата, како што соопштуваат организаторите, ќе се дискутира и за „ниша-пазарите“ во Европа, како и за правните и техничките барања за извоз.
Во програмата се предвидени информативни сесии и работилници водени од лидери во индустријата и меѓународни експерти од Гајзенхајм Универзитетот во Германија, кои ќе дадат вредни сознанија за индустријата и трговијата со вино.