Jурица Паѓен, фронтмен на „Аеродром“, доаѓа во Скопје: Промоција, матине и дел од концертен спектакл

Ги паметиме хитовите – „Фратело“, „Обична љубавна пјесма“, „Дигни ме високо“, „Стави праву ствар на право мјесто“, „Што си у каву ставила“...


Овој петок, 23 февруари 2024 во Градска кафеана Пелистер, Croatia Records Makedonija организира  пладневно матине со Јурица Паѓен, фронтмен на легендарниот загребски состав „Аеродром“.

На средба со новинарите ќе бидат претставени двете актуелни изданија на Јура и „Аеродром“, објавени под етикета на Croatia Records – студискиот албум „Дневни ритуали“ и колекција хитови „Greatest Hits Collection“.

Јурица Паѓен на музичката сцена е повеќе од 50 години. Членувал во „Група 220“, „Парни ваљак“, „Азра“…, бил дел од „Севдах шатл бенд“ на Џони Штулиќ, снимил неколку соло-албуми, соработувал со многу музичари од регионот…, но главниот дел од кариерата и го посветил на групата „Аеродром“. Ги паметиме хитовите – „Фратело“, „Обична љубавна пјесма“, „Дигни ме високо“, „Стави праву ствар на право мјесто“, „Што си у каву ставила“…

Голем пријател на групата „Леб и сол“, уште од осумдесеттите, кога служел војска во Скопје, Паѓен ќе не потсети на убавите времиња во градот во кој го поминал дел од својот живот, а на 24 февруари во сабота ќе настапи на концертниот спектакл „Памтим само сретне дане“ во Македонска филхармонија.