Без вода дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска, од 9 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Невеска“, „Воденска“, дел од „Разловечко Востание“ и дел од „Волгоградска“, во општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на ул. Невеска 4.

Корисниците без вода ќе бидат до завршување со санација на дефектот.