Сабаленка се сврши со бразилски бизнисмен


АРИНА Сабаленка, победничка на Гренд слем турнирите и тенисерка број еден во светот, се сврши со својот партнер Георгиос Франгулис. Франгулис, бразилски бизнисмен, ѝ предложи брак во среда во романтична атмосфера со цвеќе и свеќи и ѝ подари дијамантски свршенички прстен. Сабаленка на почетокот изгледаше целосно изненадена – го покри лицето со рацете пред да …

Сабаленка се сврши со бразилски бизнисмен Read More »

Стјуард предупредува: „Никогаш не носете црни чорапи во авион“


Иако удобноста е приоритет на долгите летови, има едно нешто што треба да го избегнувате, особено на ноќните летови. Британскиот стјуард Крис Мејџор, со 25 години искуство, објасни зошто патниците никогаш не треба да носат црни чорапи во авион, истакнувајќи дека навидум безопасна навика може да создаде неочекувани проблеми. Опасност во затемнета кабина Мејџор, кој …

Стјуард предупредува: „Никогаш не носете црни чорапи во авион“ Read More »

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба


Виена – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси,синоќа изјави дека нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба, но нагласи дека одбивањето на Иран да им дозволи на инспекторите целосен пристап до неговите објекти е причина за сериозна загриженост. Гроси изјави на социјалните мрежи дека била јасен и доследен во своите извештаи. …

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба Read More »

На Филолошкиот факултет комеморација за Тихомир Јанчовски


 На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ попладне во 18 часот ќе се одржи комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. Јанчовски (1967-2026) дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 1991 година, по што специјализирал во Будимпешта, на Катедрата за средновековни студии на Централноевропскиот универзитет. …

На Филолошкиот факултет комеморација за Тихомир Јанчовски Read More »

Трамп: Некој од внатрешноста на Иран е подобар наследник на Хамнеи од Пахлави


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли прогонетиот престолонаследник на последниот ирански шах Реза Пахлави како потенцијален наследник на неодамна елиминираниот врховен водач Али Хамнеи, аргументирајќи дека „некој од внатрешноста“ на Иран би можел да биде подобар избор. Во изјава за новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека многу ирански официјални лица кои неговата …

Трамп: Некој од внатрешноста на Иран е подобар наследник на Хамнеи од Пахлави Read More »

Иранска ракета погоди голема американска база во Катар


Катар – Балистичка ракета лансирана од Иран ја погоди базата Ал-Удеид во Катар, најголемата американска воена база на Блискиот Исток, соопшти катарското Министерство за одбрана. Министерството во соопштение наведе дека земјата била цел на две балистички ракети лансирани од Иран. „Системите за воздушна одбрана успешно пресретнаа една од ракетите, додека втората ракета ја погоди катарската …

Иранска ракета погоди голема американска база во Катар Read More »

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо


Уставниот суд  денеска ќе ја одржи 3. седница на која предвидено е да се дискутира по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост. Седницата, како што е најавено, јавноста првпат ќе може да ја следи во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот. Уставниот суд претходно соопшти дека со ова започнува историски исчекор кон …

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо Read More »

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование


Собранието денеска на 90. седница треба да одлучува за избор на нови заменици на министрите за одбрана и за образование и наука.  Предлог за заменик министер за одбрана е Адмир Шабани, поранешен портпарол на Државната изборна комисија, а за заменик министер за образование и наука Дритон Сулејмани, поранешен советник во Општина Куманово и портпарол на …

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование Read More »

Промоција на сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“


Музејска едукативна сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“, од авторките Ана Вишинова, музејски едукатор, и Даниела Митевска, кустос, ќе биде промовирана денеска напладне во Музејот на македонската борба за самостојност.  – Посветена е на македонските жени – ајдутки, комитки и партизанки, жени кои никогаш не биле пасивни набљудувачи на историјата, туку активни учесници во …

Промоција на сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“ Read More »

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Минималната температура ќе биде …

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито Read More »

Притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски – сопругот на мајката која почина со својата ќерка


 Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон во Карпош, кој се сомничи за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.  Мерката краткотраен притвор, како што посочуваат …

Притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски – сопругот на мајката која почина со својата ќерка Read More »

Започнува нова астролошка година. Еве како влегувањето на Сонцето во Овен ќе ја промени енергијата


Со влегувањето на Сонцето во знакот Овен, на 20 март, започнува астролошката нова година. Овој момент означува нов циклус и симболичен почеток на свежо поглавје во кое енергијата се става во движење, се забрзува и станува порешителна. По интроспективниот период на Риби, доаѓа време за акција, храброст и јасна насока кон целите. Овенот е првиот …

Започнува нова астролошка година. Еве како влегувањето на Сонцето во Овен ќе ја промени енергијата Read More »

ЕУ почнува да помага во евакуацијата на граѓаните од Блискиот Исток


Брисел – Европската унија почна да им помага на земјите-членки Италија, Австрија и Словачка да ги репатрираат своите граѓани заглавени на Блискиот Исток. Комесарот Хаџа Лахиб изјави дека трите земји се првите досега што побарале од Брисел да помогне во финансирањето на летовите за евакуација од регионот. 

Досега продадени близу два милиони билети за СП2026


Цирих– ФИФА соопшти денеска дека во првите две фази од продажбата на билетите за натпреварите од Светското првенство што ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико се продадени речиси два милиони влезници. Побарувачката е огромна, а според ФИФА, само апликациите за купување билети се за 3,4 пати поголеми од вкупниот број гледачи …

Досега продадени близу два милиони билети за СП2026 Read More »

Велика Британија испраќа разурнувач и хеликоптери на Кипар по иранските напади


Лондон – Премиерот Кир Стармер вели дека Велика Британија испраќа хеликоптери со капацитети за борба против дронови на Кипар и го распоредува разурнувачот за воздушна одбрана ХМС Драгон во регионот. „Велика Британија е целосно посветена на безбедноста на Кипар и британскиот воен персонал стациониран таму“, рече Стармер во објава. „Ние ги продолжуваме нашите одбранбени операции и …

Велика Британија испраќа разурнувач и хеликоптери на Кипар по иранските напади Read More »

Тарантино е жив и здрав


Режисерот- оскаровец Квентин Тарантино е жив и здрав, а неговото семејство е добро, објави ТМЗ, откако на платформата X дека се појавија шоекулации дека е убиен во ирански ракетен напад врз Израел. Квентин и неговото семејство се познати по тоа што живеат помеѓу Израел и Лос Анџелес, поминувајќи половина од времето во едната земја, а …

Тарантино е жив и здрав Read More »

Росица Мршиќ со нова колекција – модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн


Самозатајната креаторка Росица Мршиќ, дипломец на Факултетот за визуелна уметност и дизајн во Ултрехт, Холандија, која како да исчезна од јавната сцена откако стана мајка, дозирано не послужува со безвременска мода,  со мали, внимателно креирани, лимитирани серии со минимално влијание врз животната средина.     Новата модна колекција Vivid Echoes на Мршиќ претставува истражување на …

Росица Мршиќ со нова колекција – модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн Read More »

Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани


Министерството за внатрешни работи има основани сомненија дека и порано нелегално била изнесувана марихуана од државата и оти покрај скопската „Алфа фарм“, и други компании се поврзани со шверцот, потврди денеска ресорниот министер Панче Тошковски. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој побара разбирање од јавноста за процесот, кој, според него, е еден од најголемите …

Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани Read More »

Љутков по Брисел, во Берлин на 60. Меѓународен саем на туризам


Република Македонија учествува на јубилејното, 60-то издание на најголемиот Меѓународен саем за туризам „ИТБ Берлин“ (ITB Berlin), што се одржува од денеска до 5 март 2026 година во Берлин, Германија. „ИТБ Берлин“ од 1966 година е водечка глобална платформа за туризмот, каде што се среќаваат претставници од туристичкиот сектор, туроператори, авиокомпании, хотели и медиуми. Годинава …

Љутков по Брисел, во Берлин на 60. Меѓународен саем на туризам Read More »

Пет лавови во Нов Зеланд се спасени од еутаназија


Пет лавови кои требаше да бидат евтаназирани во Нов Зеланд беа спасени откако група инвеститори се вклучија за да ги спасат животните. Засолништето за диви животни Камо беше принудено да се затвори минатата година откако истекоа средствата, а преместувањето на животните беше оценето како невозможно поради возраста и здравјето на лавовите. Паркот претворен во приватно …

Пет лавови во Нов Зеланд се спасени од еутаназија Read More »