Премиерот Заев на средба со канцеларката Меркел


Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на дводневната посета на Германија ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел на која една од клучните теми ќе биде токму датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни […]

Привремен режим на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“


Поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, од денеска ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот. Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди“, на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Напредувањето во раните утрински часови може да е тешко: направете план, кој ќе го следите до неговото исполнување. Ако форсирате, нема да постигнете ништо, особено на домашен план: попладнето носи промени, кои ќе ве спречат да направите фатални грешки и ќе треба да преговарате. Смирете го стравот и креирајте нова стратегија. БИК: Животот е […]

Балканските земји наскоро со заедничката база на податоци во борба против организираниот криминал


Над 110 илјади предмети годишно води италијанскиот Директорат за гонење на мафија и тероризам, кој располага со огромна база на податоци, што го олеснува процесирањето на овие случаи, а италијанското Министерство за правда во моментов изработува модел на база за податоци, кој ќе биде оперативен во земјите од Балканот меѓу кои и Северна Македонија. Националниот […]

Наскоро упатен акт за бизнисменот Кочан за издржување на казната за „Труст“


Предметот „Труст“ на СЈО вчера Апелацискиот суд го проследил до Кривичниот суд и во наредните денови преку АКМИС системот ќе му биде распределен на судија за извршување санкции кој потоа треба да му издаде упатен акт на бизнисменот Сеад Кочан кога треба да се јави на издржување на затворската казна. Како што информираат од Кривичниот […]

Меган Маркл ќе биде гостин-уредник во „Вог“


Англија – Британскиот уредник на „Вог“, Едвард Енифул, ја поканил војвотката од Сасекс да учествува во уредувањето на најважното – септемвриско издание на „Вог“. Според договорот, освен во уредувањето на модниот едиторијал, Маркл ќе има и своја модна колумна каде што ќе ги претстави своите мислења околу трендовите. Маркл е на породилно отсуство, го роди […]

Tевдовски: Правeдното оданочување успешна реформа, приходите од персоналецот со раст од 17,4 отсто


Реформата за праведното оданочување е успешна. Економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината и најважно е што се користат за социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција презентирајќи ги ефектите и резултатите од  реформата што стартуваше на почетокот на оваа […]

Џијан: Музиката е најмистериозната појава


Предавање на тема „Музиката денес“ се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид, во организација на Националната установа „Охридско лето“ . На оваа тема говореше познатиот македонски композитор, аранжер, продуцент, диригент и организатор на спектакуларни музички проекти,уметникот Емин Џијан кој укажа на  различните перцепции во музиката, а се задржа и на начините на кои […]

Најран датум во историјата: Оскарите во 2020 на 9 февруари


САД-Aмериканската телевизиска куќа ABC и Академијата за филмски уметности и наука синоќа ги објавија датумите за одржување на Оскарите во 2020 и 2021 година. Помеѓу најавите беше споменато и дека доделувањето на Оскари во 2022 година ќе се префрли на крајот од февруари. Поточно, 92-то доделување на Оскари ќе се одржи на 9 февруари 2020 […]

На „Хуавеј“ ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони


Кина– На кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони во светот што е цел што првично требаше да се постигне во четвртиот квартал оваа година, изјави еден од челниците на компанијата. – Ќе бевме најголеми во четвртиот квартал оваа година, но сега сметаме дека тој процес […]

Бугарија забранува подготовка на пржена храна, колачи и слатки во детските градинки


Бугарија – Бугарија забранува подготовка на пржена храна, колачи и слатки во детските градинки, детски кампови и детски установи. Забраната е предвидена со измена на Уредбата за здрава исхрана на деца на возраст од 3 до 7 години. Предвидено е децата да внесуваат најмалку три вида свежо овошје и зеленчук неделно, традиционален бугарски ајран без […]

Исланд е најбезбедна земја во светот, Македонија е на 65.место


Австралија– Светот денес е најбезбеден во последниве пет години, но останува значително помалку сигурен во споредба со периодот од пред една деценија, се наведува во најновото истражување на австралискиот Институт за економија и мир. Институтот секоја година објавува глобален индекс на мирот, врз основа на кој се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“. Индексот се […]

„Талир“ повторно одложен, на Груевски ќе му се суди во отсуство


Главната јавна расправа за случајот „Талир“ на СЈО е одложена за 28 јуни во 10 часот поради смрт на близок член на семејството на претставникот на правното лице ВМРО-ДПМНЕ. До тогаш обвинетите треба да го подготват нивното воведно обраќање, а Судот одлучи на обвинетиот Никола Груевски да му се суди во отсуство. Судот донесе такво […]

Маја Стевкова Штериева прв човек на Македонската Банкарска Асоцијација


Д-р Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската Банкарска Асоцијација. Aктуелниот Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје доаѓа на местото на Коста Митровски, кому според статутот на Македонската банкарска асоцијација поради престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка предвреме му заврши мандатот. Ова […]

ФБИ објави досие за Хју Хефнер


САД- ФБИ објави досие за основачот и главен и одговорен уредник на „Плејбој”, Хју Хефнер, две години по смртта на легендарниот издавач, една од многуте познати личности за кои агенцијата имала истрага во текот на годините, и датотеки од јавен интерес за новинари, обожаватели и истражувачи. Федералната полиција на САД го испитувала Хефнер кон крајот […]

Флерт во Скопје: Ако може Мерилин, можам и јас


Мерилин Монро шетала едно попладне во Њујорк со пријателка. Неупадливо облечена и без шминка, никој не ја приметил. Ни како филмска дива, ни како убава жена. Тогаш се одлучила на еден експеримент. Ги исправила рамењата, занишала со колковите, а очите и блеснале со заведувачки сјај…За неколку минути двете жени биле опколени со војска на обожаватели […]

Повеќе од третина најбрзорастечки технолошки фирми во Европа се од Британија


Англија– Велика Британија е на прво место во Европа според бројни технолошки компании чија вредност е повеќе од милијарда долари, според анкетата на британската влада во момент кога се оджува „Лондонската недела на техниката”, објавија британските медиуми. По бројот на технолошки гиганти во светот пред Велика Британија се САД и Кина. Истражувањето покажа дека претприемачите од […]

Сончево со локален пороен дожд, од утре многу топло


Сончево и топло време со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува уште денеска. Веќе од утре, синоптичарите најавуваат топло и стабилно време со максимални температури над 35-тиот степен. Утринската температура денеска ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 24 до 35 степени. Висок ќе биде и УВ […]

Многу неусогласености во законот што треба да стави ред во градењето


Новиот закон за урбанистичко планирање, кој влезе во собраниска процедура, има низа недоречености и проблематични одредби. Архитектите и претставници на граѓанските здруженија се сомневаат дека со него ќе може да се сопре урбанистички хаос предизвикан од деталните урбанистички планови, во кои приоритет имаат профитерските интереси наместо стручно поткрепените архитектонски решенија, кои би требало да ни […]

Фирмите и граѓаните должат околу осум милијарди денари за даноци и придонеси


Вкупно 8,95 милијарди денари е долгот на граѓаните и фирмите кон државата за даноци и придонеси. Споредено со претходната листа долгот е поголем за над 245 милиони денари, објави Управата за јавни приходи (УЈП). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8,79 милијарди денари, додека долгот за царински давачки е над 146 милиони денари. Овие пари ги должат […]