Легендите на екс-ју кошарката ќе се соберат во Скопје во чест на Лазо Лечиќ


Осумдесеттиот роденден на Лазар Лечиќ ќе биде уникатен повод во Скопје да се собере дел од кошаркарската елита од поранешна Југославија. Свечената академија која ќе се одржи по тој повод утре во хотелот „Александар Палас“ во 13 часот е во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, кошаркарските клубови Работнички и МЗТ Скопје Аеродром […]

Мајските оперски вечери во знакот на Верди


Четириесет и седмите Мајски оперски вечери оваа година ќе бидат отворени и затворени со оперската претстава „Аида“, со која фестивалот традиционално завршува секоја година на 31 мај. Утревечер ќе бидат отворени со премиера на оваа позната опера на Џузепе Верди, овојпат во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова. Националната опера и балет денеска на […]

Господ да ја благослови Северна Македонија


ЕРОЛ РИЗАОВ Кои пораки ги упати Франциско од Скопје до светот и до сите граѓани при првата апостолска и историска посета на еден папа, а кои злокобни застрашувања ги упати претседателот на државата на заминување Ѓорге Иванов, кој до последен ден цели десет години не се ни обиде да стане претседател на сите граѓани. На […]

Влатко Стефановски специјален гостин на Стинг во Скопје


Гитарскиот крал Влатко Стефановски, ќе биде специјален гостин концертот на светската ѕвезда Стинг на концертот на 2 јуни, во Националната арена „Филип Втори“. Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, […]

Судењето за „Титаник“ одложено за 13 мај


Судијата Огнен Ставрев на денешното рочиште за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, наведе дека судењето се одложува за 13 мај. Имено, Ставрев истакна дека одложувањето е поради оправдано отсуство на судијата Осман Шабани, кој е дел од судечкиот совет. Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат докази предложени од СЈО. Станува […]

Мис Северна Каролина е Мис на САД за 2019


САД- Во многу емотивна амтмосфера на бината, поранешната победничка Сара Роуз Самерс ја круниса годинешната победничка Челзи Крист за победничка на престижниот натрпевар за убавина – Мис на Америка. Како Мис на Северна Каролина, Крист ја доби круната пред конкурентките кои станаа прва и втора придружничка – Александра Гонзалез, Мис Ново Мексико и Триана Браун, […]

Папата Франциск: Зошто Степинац би бил прогласен за светец, ако вистината не е јасна


Хрватска – Папата Франциск, по повод прогласувањето за светец на загрепскиот надбискуп Алојз Степинац, изјави дека не знае зошто е тоа прогласување, ако вистината не е јасна. – Степинац беше духовен човек, затоа Црквата го прогласи за блажен. Но, во одреден момент во процесот на канонизација постојат нејасни точки, историски точки. Се молев, размислував, барав совети и […]

Михајловиќ: Завршен Коридорот 10 до границата со Северна Македонија


Србија- Грделичката клисура е целосно совладана, јужниот крак на Коридорот 10 кон Северна Македонија и Грција е целосно завршен и во зависност од временските услови во следните десет дена ќе биде официјално отворен за сообраќај, изјави утринава, вицепремиерката на Србија и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ. Таа, како што соопштија на сајтот […]

Ципрас објави пакет позитивни мерки за граѓаните


Грција– Намалување на ДДВ-то од 24 отсто на 13 отсто за угостителските услуги и прехранбените производи , намалување на ДДВ-то за енергијата од 13 проценти на шест отсто, 13-та пензија за пензионерите се дел од пакетот позитивни мерки, кои синоќа, на вонредна прес-конференција ги соопшти грчкиот премиер Алексис Ципрас. Како што објасни премиерот на Грција, […]

Институтот за македонска литература со трибина за хип-хопот


Институтот за македонска литература денеска ќе организира трибина насловена: „Хип хоп култура (40 години уметнички перформанс)“, а поводот е  40-годишнината од првата хип-хоп песна „Раперс дилајт“ изведена од групата Д’Шугархил Генг. – Хип-хопот како глобален тренд и популарна култура е присутен во највисоките академски средини. Во нашата земја се одржани повеќе предавања, трибини и дебати […]

Кривичен суд: Судењата што беа закажани за 7 мај ќе бидат презакажани за други датуми


Судските расправи што беа закажани за вчера (7 мај) во Кривичниот суд ќе бидат презакажани за други датуми, информираат од судот. -Граѓаните кои се јавуваат како странки во одредени постапки што се водат пред Кривичниот суд, или добиле било каква покана за да се јават во судот на 07.05.2019 година, што беше неработен, ќе добијат […]

Kирковски со македонски рекорд во искачување на врвот Елбрус


Македонскиот алпинист Александар Кирковски го искачи највисокиот врв во Европа, Елбрус 5.642 за 5 часа 17 минути 30 секунди и се пласира на 14 место на скај-маратонот, а овој резултат претставува воедно и македонски рекорд. На планинската трка одржана вчера на масивот Кавказ во Русија, учествуваше и Дејан Тодевски кој оствари време од 5 часа […]

Средба Заев – Палмер: Со претседателските избори државата покажа дека е зрела демократија


Успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со Европската Унија, му соопштил заменикот асистент секретар за Европа и Евро Азија во Стејт Департментот на САД, Метју Палмер на премиерот Зоран Заев на нивната средба што се одржа во пресрет на отворањето на […]

Снегот се врати на Голак


Голак османа со  релативно мала снежна покривка сепак доволно да предизвика неверување кај жителите на Делчево, кои не паметат кога последен пат паѓал снег во месец мај. Како вработен во делчевското шумско претпријатие задолжен за обиколка на теренот на планината Голак, делчевецот Славчо Георгиевски не памети кога последен пат на Голак паѓал снег во месец […]

Царината ќе добие опрема од британската Управа за царински работи


Царинската управа денеска ќе добие донација во опрема за помош при пребарување и проверки од Управата за царински работи и приходи на Обединетото кралство. На предавањето на донацијата во Британската амабасад во Скопје ќе се обратат Ѓоко Танасоски, директор на Царинска управа на Северна Македонија,  Дејвид Хантли, директор за меѓународни операции при Управата за царински […]

Ношпал од Тел Авив: Зелената тоалета на Тамара е долга 12 метри


Поп-ѕвездата Тамара вчера блесна во тоалета во смарагдно зелена боја на првата проба пред настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел. Во македонскиот евровизиски тим во Tел Авив се наоѓа и дизајнерот Александар Ношпал кој два месеци го осмислуваше изгледот на поп-ѕвездата на престижниот музички настан. -Тоалетите за Тамара за […]

Кинеска компанија го купува Политичкото училиште во Кумровец


Хрватска- Кинеската компанија „Зонгија недвижности“ му понуди на хрватското Министерство за државен имот да го купи хотелот „Загорје“, поранешното Политичко училиште во Кумровец. Од Министерството посочуваат дека наместо бараните 1,6 милион евра, тие понудиле речиси 2 милиона евра, а за понудата набргу се очекува одлука на Владата. Крапинско-загорскиот жупан Жељко Колар изјави дека понудата од […]

Отворање на македонскиот павилјон на 58. Венециско биенале


Во Венеција вечер официјално ќе биде отворен павилјонот на Република Северна Македонија со проектот на Музејот на современата уметност (МСУ) „Субверзија во црвено“ на авторката Нада Прља, во рамки на 58. Интернационална ликовна изложба која за посетители ќе биде отворена од 11 мај до 24 ноември. Проектот на МСУ и Прља беше избран за национален […]

Еден убиен, седуммина повредени во инцидентот со пукање во училиште во Денвер


САД – Едно лице е убиено, а седум се ранети, од кои неколку во критична состојба, во инцидентот со пукање во училиште во Даглас, предградие на Денвер, во сојузната американска држава Колорадо. Инцидентот се случил во Училиштето е за наука и технологија, кое се наоѓа на 40 километри јужно од Денвер. Властите соопштија дека се уапсени […]

Почнува 31. Саем на книгата


Во ВИП Арена „Борис Трајковски“ денеска од 10 часот ќе биде отворен за посетители 31. Меѓународен саем на книгата, кој ќе трае до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот. Ќе учествуваат околу 70  издавачи, а посетителите ќе може да купат книги со саемски попуст. Понудата е разновидна […]