Весли Кларк: Путин би можел да предизвика војна на Балканот

Косово – Пензионираниот американски генерал Весли Кларк смета дека на Балканот постои ризик од нова војна, што би можел да ја предизвика рускиот претседател Владимир Путин.

– Балканот е еден од регионите, кои рускиот претседател Владимир Путин може да ги претвори во кризно подрачје, изјави Кларк за Радио телевизија Косово (РТК).

Според него, постојат „кризи што го чекаат моментот“ и тогаш кога ќе му биде потребно, Путин ќе поттикне некоја од нив.

– Тоа може да биде тука (во Косово), можеби во Украина, можеби во балтичките земји, оцени Кларк.