Естонија го ратификува Протоколот за НАТО

Естонија- Естонија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Естонскиот парламент едногласно без ниеден глас против вчера даде зелено светло за приклучувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Естонија е 17-та земја што го ратификуваше Протоколот, откако тоа минатата недела го стори и германскиот Бундестаг.

Постапката за ратификација вчера почна и во Сенатот на САД. За потребата од пристапување на Северна Македонија во НАТО пред сенатската Комисија за надворешни работи говореа помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и Кетрин Вилбаргер, заменик помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.