Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Напредувањето во раните утрински часови може да е тешко: направете план, кој ќе го следите до неговото исполнување. Ако форсирате, нема да постигнете ништо, особено на домашен план: попладнето носи промени, кои ќе ве спречат да направите фатални грешки и ќе треба да преговарате. Смирете го стравот и креирајте нова стратегија.

БИК: Животот е самиот по себе одговорност: сè што правиме носи последици. Ако сакате да го надминете недоразбирањето на интимен план, не брзајте и барајте подлабока смисла во она што се случува. Промени од долготраен карактер на професионален план, по кои ќе се чувствувате препородени: и над авторитетите постои авторитет. Нови хоризонти.

БЛИЗНАЦИ: Неочекувани пресврти, кои што се можеби болни, но неопходни: разберете го ова како тест низ кој што мора да минете и ќе научите да го цените животот повеќе. Тој е најголем учител на слободата, кој ги истакнува најдобрите квалитети кај човекот: чест и мудрост, кои што треба да се негуваат и да се развиваат, за да може да се користат правилно.

РАК: Средба со личност која што има важна професија и консултација со некој кој што чесно ќе одговори на вашите прашања: ако имате тајна љубов или несериозна врска, треба да бидете екстра внимателни за да не бидете откриени. Доколку сте болни, имајте на ум дека тоа брзо ќе мине, особено ако пријателите ви помогнат да се исцелите.

ЛАВ: Можеби сте веќе изморени, но знајте дека сте при крај на сегашната мисија: сега не е време за брзање, туку да послушате што ви говорат подлабоките инстинкти. Нема потреба да си префрлате ниту, пак, да им префрлате на другите: простете си ако сте згрешиле и не дозволувајте си да останете изолирани. Имате сила да продолжите напред.

ДЕВИЦА: Ако сакате да ги прескокнете блокадите во два скока, ќе се доведете во опасност: размислете подобро како да ја надминете оваа ситуација. Ако дозволите со вас да владеат слабостите и страстите, ќе изгубите глава и ќе станете роб на туѓ господар. Осамете се на кратко и откријте како да ги спроведете своите идеи во реалност.

ВАГА: Се работи за судбински чекори и верба: желба да постигнете мирен живот, респект и постојаност. Можеби ќе сакате да појдете некаде на пикник и во природа да ги смирите своите мисли, размислувајќи во тишина. Ако сè уште имате надеж и ве служи здравјето, ќе сфатите дека имате сè на светот. Почитувајте ги законите и направените договори.

СКОРПИЈА: Можни тешкотии на здравствен план или недоразбирања ако сте вовлечени во тајна врска: многу проблеми, кои што ќе ви одземат време и енергија. Работата не функционира и имате одлив на финансиски средства, кои што ќе успеете да ги консолидирате во текот на денот. Нов ангажман, со кои што ја враќате среќата во животот. Долготраен бизнис.

СТРЕЛЕЦ: Нема потреба да сте резервирани или таинствени кога станува збор за работите на срцето: можеби сакате да помогнете некому, правејќи некој ситен гест во нивно име и така да доживеете задоволство. Наоѓањето на маани нема да ви оди во прилог, бидејќи постои убавина и во несовршеноста. Обрнете внимание на финансискиот сектор и сè ќе биде во ред.

ЈАРЕЦ: Периодот на неизвесност е зад вас: денес успевате да ја реставрирате самодовербата и да направите важни чекори во остварување на своите цели. Повторно им верувате на пријателите и на саканите, наоѓајќи време да го испробате својот шарм: имајќи имагинација, ќе откриете дека и до длабоките мисли треба да се искачите. Успех!

ВОДОЛИЈА: На самиот почеток на денот, се наоѓате на раскрсница: дали да останете и да ги завршите започнатите проекти или да појдете во сосема нов правец и да откривате нови простори? Нешто од минатото ви претставува тежина и тага, а на тој начин чувствувате колку сте ограничени во животот: оставете нешто зад вас и ќе успеете во непосредната иднина.

РИБИ: Обрнете внимание на здравјето и побарајте стручна помош: нешто не функционира како што треба и ќе треба да се менувате. Разберете дека во животот сте само патник, кој треба да има соодветно однесување: не може да газите врз пријателите и потоа да бидете среќни. Живеењето на луксузен начин има своја цена: дали таа ви одговара?

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]