Меган Маркл ќе биде гостин-уредник во „Вог“


Англија – Британскиот уредник на „Вог“, Едвард Енифул, ја поканил војвотката од Сасекс да учествува во уредувањето на најважното – септемвриско издание на „Вог“. Според договорот, освен во уредувањето на модниот едиторијал, Маркл ќе има и своја модна колумна каде што ќе ги претстави своите мислења околу трендовите.

Маркл е на породилно отсуство, го роди синот Арчи, и ретко се појавува во јавноста.

Војвотката од Сасекс лани имаше најбаран стил на Гугл. Ја фалат, ја кудат, го почитува или го крши кралскиот протокол, дома, во странство, на гала-настани, на патувања, ѝ ги наоѓаат модните фалинки, членовите на нејзиниот кабинет даваат масовни оставки, а таа, самоуверена, под рака го држи принцот Хари, најблиска е до кралицата Елизабета Втора и размислува дали да се пресели во Африка.