Флерт во Скопје: Ако може Мерилин, можам и јас


Мерилин Монро шетала едно попладне во Њујорк со пријателка. Неупадливо облечена и без шминка, никој не ја приметил. Ни како филмска дива, ни како убава жена. Тогаш се одлучила на еден експеримент. Ги исправила рамењата, занишала со колковите, а очите и блеснале со заведувачки сјај…За неколку минути двете жени биле опколени со војска на обожаватели кои во ова издание веднаш го препознале гламурозното лице од големото платно.

Поента? Сѐ е во ставот и презентацијата, тврди Каролин Кокс, авторката на книгата “Биди обожавана” која не учи како со малку труд и заведувачка магија можеме да ги маѓепсаме сите околу себе.

И во Скопје,тајната на женската популарност и гламур не е само да имате соодветна чанта, туку и соодветна личност. Тоа е тоа што ќе го наведе мажот да го побара вашиот број на телефон, а жената да ве праша за името на вашата шивачка. Ни Монро ни слични жени на неа не се задоволувале со машките воздишки. Ја сакале наклоноста на секоја жена, дете, милениче… И тоа им поаѓало од рака. Благодарејќи на флертот.

Флерт не е само освојување на спротивниот пол. Флертуваме, значи покажуваме дека некој ни е важен. Од флертот, тврдат експертите, можеме да профитираме не само во приватните односи, туку и во кариерата, пријателството, финансиите…

Зошто тогаш би се ограничувале на фраери? Флертувајте со сите околу вас… Како што сега политичарите, флертуваат со нас, граѓаните. За власт. А кога ќе ве освојат? Е тоа е друга приказна! (Л.С.)