Саем за безбедност за превенција на кражби во тек на летото


Прв Саем за безбедност и превенција во Скопје ќе се одржи од денеска до 14 месецов во ТЦ „Сити Мол“ под мотото „Живеј безбедно“ со цел превенција на криминалот и едукација на граѓаните за спречување кражби во куќи и станови за време на летниот период. Саемот го организираат Министерството за внатрешни работи (МВР), Секторот за […]

Женскиот пехар на „Ролан Гарос“ со грешка во гравирањето уште од 1976 година


Англија– Трофејот „Сузан Ленглен“ кој се доделува на победничката на Грен слемот „Ролан Гарос“ има грешка во гравирањето од 1976 година. Во саботата во женското финале во Париз, Ешли Барти ја победи Маркета Вондрушова од Чешка и го освои „Ролан Гарос“ за прв пат во својата кариера. Таа, исто така, стана првата австралиската тенисерка која го […]

Ново рочиште за „Талир“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски. Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се […]

„Максим“: Оливија Кулпо е најсекси жена за 2019


САД- Машкиот магазин „Максим“ ја прогласи манекенката и мис Оливија Кулпо (27) за најсекси жена на светот. На традиционалниот годишен избор, Кулпо ја симна од тронот ланската победничка, моделот Кејт Аптон. Претходни победнички на изборот беа и Хејли Болдвин, Стела Максвел, Тејлор Свифт, Џесика Алба, Кети Пери, Мајли Сајрус, Линдзи Лохан, Џенифер Гарнер… Кулпо како […]

Анкета: 86 отсто интернет корисници признале дека биле измамени барем еднаш од лажни вести


САД– Осумдесет и шест проценти од корисниците на интернет признале дека биле измамени од лажни вести – најголемиот дел од нив на Фејсбук – според глобално истражување. Анкетираните нагласиле дека сакаат и владите и социјални медиуми да се справат со тие активности, кои придонесуваат за растечката недоверба на интернет, како и негативно влијание врз економиите и […]

Единаесет млади музичари ќе настапат на 7. „Виолинфест“


Единаесет млади виолинисти од Северна Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова, ќе настапат на седмиот концерт на млади виолинисти „Виолин фест“ кој вечер од 20 часот ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија. Целта на организирањето на концертот е  да им се овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските […]

Заев во Берлин по поддршка од Меркел за датум за преговори


Премиерот Зоран Заев  во пресрет на самитот на Европскиот совет што треба да се одржи на крајот од јуни во Брисел, на кој треба да се утврди датум за пристапни преговори на нашата земја со ЕУ, денеска заминува во посета на Германија каде очекува позитивна порака од канцеларката Ангела Меркел во однос на добивањето на […]

Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на земјава


Делегација на Република Италија предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност денеска се во работна посета на Република Северна Македонија. Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против […]

Атина и Вашингтон работат за успешен старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ


САД – САД и Грција работат на тоа Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ што поскоро, изјави Џефри Пјат, амбасадор на САД во Грција. Според него, Вашингтон и Атина работат за успешен старт на преговорите и тоа може да се случи оваа година. На панелот што денеска се одржа во Атлантскиот […]

Прв министерски состанок ЕУ-Западен Балкан за вработување и социјални прашања


Белгија-Првиот министерски состанок на ЕУ и Западен Балкан во областа на вработувањето и социјалните прашања денеска ќе се одржи во Луксембург, објави Европската комисија. „Целта на состанокот, за кој се очекува да се одржува секоја година, е размена на ставови за предизвиците во областа на вработувањето и социјалните реформи што се спроведуваат за доброто на […]

Претседателот Пендаровски во посета на Брисел, очекува потврда за датум за преговори


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска  престојува во во работна посета на Брисел. Ова ќе биде прва негова посета на Брисел, откако стапи на функцијата.Шефот на државата ќе има одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни […]

„Почувствувај го Скопје“ – меѓународна конференција за туризам


Меѓународна конференција за туризам „Почувствувај го Скопје“ („Feel Skopje“) во организација на НВО „Концепт плус“ ќе се одржи денеска во Скопје. Целта е да се промовира Скопје како посакувана туристичка дестинација и да се зголеми бројот на странските посетители во главниот град. Основната идеја, според организаторот, е да се добијат препораки како да се подобри […]

Димитров на министерски состанок на ЦЕИ во Трст


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Трст. Италија е претседавач и домаќин на министерскиот состанок во годината во која ЦЕИ одбележува 30 години од своето постоење. На состанокот се очекува министрите за надворешни работи да разменат мислења […]

Вториот извештај на ОБСЕ за активностите на СЈО


Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира Вториот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Извештајот е резултат од следењето на судските постапки од предметите во надлежност на СЈО од страна на Мисијата. На презентацијата ќе се  обратат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и амбасадорот Клеменс Која, шеф […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Чувствителни и разумни, избегнувајте да размислувате негативно во однос на интимните врски: дали ви возвраќаат онолку колку што и самите давате, тоа се работи што се сосема неважни во овој момент на времето. Љубовта е давање, дури ако не е возвратена, а само така учиме колку сме всужност живи и ранливи. Суптилни емоции. БИК: […]

Промоција на врвни македонски вина во САД


Здружението „Вина од Македонија“, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство минатата недела одржа промоции на македонски вина во Чикаго и Њујорк, во Соединетите Американски Држави. На овие престижни настани оваа година учествуваа шест наши винарници. Тие се организираат во рамки на платформата „Водечки вина во светот“, во која учествуваат селектирани винарници од […]

(Видео) Ѕвездата на електронската музика Махмут Орхан на „Д-фест“ во Дојран


Освојувачот на светските топ-листи, ова лето ќе ја освои и главната бина на „Д-фестивал 2019“ в сабота, на 13 јули. Махмут Орхан, истанбулски продуцент и диџеј, во моментот е еден од водечките ѕвезди на електронската музика. Неговиот мегахит „Feel“ доживеа планетарен успех и се искачи на врвот на светските топ листи. Песната на Јутјуб има […]

Филхармонија со концерти на отворено: „Ну Погоди!“ и „Љубов и револуција“ на 23 и 29 јуни


И годинава, следејќи ја традицијата, на крајот од сезоната Филхармонија излегува надвор од институцијата, надвор од стандардната концертна практика. На 23 и на 29 јуни, Филхармонија ќе реализира два концерти под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк  во 21 часот, а во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје. Првиот концерт ќе […]

Бабиш: Европските политичари мора да го одржат својот збор кон Северна Македонија


Скопје и Атина успеаја да најдат заеднички јазик, постигнаа компромис за спорот за името. Вие како држава го сторивте своето, одржавте референдум, го сменивте името, го сменивте Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската Унија, мора да го одржат својот […]

Горан Таневски од „Мизар“ со концерт слави 35 години кариера


Легендарниот фронтмен на „Мизар“, Горан Таневски, утре ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје, што го најави како одбележување на 35 години присуство на музичката сцена. Тој ќе настапи како дел од проект што го носи името „Мизар – друго откровение“ Таневски, по повод јубилејот,  издава и три нови албуми со кои ќе […]