Саем за безбедност за превенција на кражби во тек на летото


Прв Саем за безбедност и превенција во Скопје ќе се одржи од денеска до 14 месецов во ТЦ „Сити Мол“ под мотото „Живеј безбедно“ со цел превенција на криминалот и едукација на граѓаните за спречување кражби во куќи и станови за време на летниот период.

Саемот го организираат Министерството за внатрешни работи (МВР), Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделението за превенција во соработка со Комората за приватно обезбедување и Скопје Сити Мол.

Граѓаните на едно место ќе имаат можност да се запознаат со програмата на СВР Скопје и услугите што инстутициите и компаниите ги нудат за помош и самозаштитита покрај редовното полициско работење и превентивните активности на работа на полицијата во сопработка со заедницата.

Анализата на МВР покажува дека голем број од кривичните дела се вршат поради недоволна грижа и внимание како за личната безбедност така и за имот од страна на самите граѓани. Како причини кои се јавуваат за појавата на овие кривични дела големо влијание има општествено – економските прилики и современиот начин на живот.Последиците кои произлегуваат од извршените кривични дела се: одземање на вредни предмети (пари, накит, документи).

– Општата цел која сакаме да ја постигнеме со реализацијата на проектот е намалување на бројот на кривичните дела од овој вид со подигнување на свеста кај граѓаните во соработка со полицијата и преземање на мерки за самозаштита и секако намалување на материјалата штета од овој вид на криминалитет. Криминалот може да се случи, но може и да се спречи, велат од Министерството за внатрешни работи.