Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Чувствителни и разумни, избегнувајте да размислувате негативно во однос на интимните врски: дали ви возвраќаат онолку колку што и самите давате, тоа се работи што се сосема неважни во овој момент на времето. Љубовта е давање, дури ако не е возвратена, а само така учиме колку сме всужност живи и ранливи. Суптилни емоции.

БИК: Денес ќе биде најдобро да не им дозволите на останатите да ви ја црпат енергијата: вашиот дух е силен со рутинските задачи, но туѓото страдање не е никако поврзано со вас. Искористете ја креативната сила за да постигнете слобода и не чекајте помош: имате доволно иницијатива да се справите со секојдневието. Успех во работата.

БЛИЗНАЦИ: Динамични влијанија, кои ќе ве поттикнат да побарате одговори за подлабоките животни прашања: да се биде праведен е доблесно, затоа стремете кон морално однесување и поголемо разбирање. Не дозволувајте да бидете вовлечени во лаги, бидејќи ќе изгубите чувство за вистината: сакајте ги близките, искрено и срдечно.

РАК: Нема потреба да чувствувате дека ви е должност да ги исправувате туѓите предрасуди: ако се соочите со потешкотии, особено во областа на домот, обидете се да одложите да носите важни одлуки. Почекајте до утре, развивајќи ја навиката да бидете смирени и да не ги имитирате другите. Не ги охрабрувајте будалестите да прават грешки.

ЛАВ: Чувството дека сте заглавени во место и дека не ви оди од рака останува во минатото: со бес не може да дојдете до решение, туку со трпеливо чекање на вистинското време и место. Размислувајте возвишено и ќе дојдете до солуции: ќе откриете дека сѐуште имате моќ да ги смените работите во своја полза: времето е важен фактор, кој што менува сѐ.

ДЕВИЦА: Имајте јасно дефинирани цели и ќе дојдете до успех: идеално ќе биде да сте трпеливи и мудри, слушајќи ги советите на блиските пријатели. Шанси за успех постојат, иако резултатите доцнат: тоа не е причина за летаргија или песимизам. Бидете истрајни, флексибилни и коригирајте се самите себе си: одберете да чекате, додека сите се туркаат напред.

ВАГА: Сега сте веќе на пола пат во остварување на својата вистина: работите да ги трансформирате работите започнати од пред седум години. Инвестирате во семејните должности, а тоа ќе ви се врати повеќекратно: домашен мир и благосостојба. Ја разбирате суштината и доаѓате до совршенство, подготвени да им се дадете целосно на љубените. Среќа.

СКОРПИЈА: Кога станува збор за интимната сфера, не си дозволувајте да бидете водени од силните страсти и некорисни аргументи: импулсите би можеле да ве доведат во слепа улица и потоа да зажалите. Ќе бидете задоволни ако најдете момент за мир и самотија, не причинувајќи им штета на своите проекти: желбите и реалноста се на две различни страни денес.

СТРЕЛЕЦ: Пораките кои што ги добивате ќе делуваат само ако сте во можност да ја прифатите нивната содржина: некој тивко ви шепоти, а тоа ги влече жиците на вашето срце. Благодарни за новите лекции, ќе најдете начин да одговорите со сочувство: да се тежнее кон вистината и тоа самиот во себе е единственото светло место во светот.

ЈАРЕЦ: Имате силно чувство за тоа што треба да се направи: на тој начин ќе ги елиминирате своите стравови и ќе избегнете претерување од секој вид. Време е да ја покажете својата уметност и да откриете што размислуваат другите, наоѓајќи време за флертување и сензуалност: запрашајте се колку е длабока вашата интимна врска? Слушајте без страв.

ВОДОЛИЈА: Некој би можел да ве повреди и дури да ве натера да заплачете: работите не се решаваат со сила, туку со имање внимание и грижа за саканите. Само така ќе триумфирате. Бидете внимателни, бирајќи сигурни средства на својот пат кон врвот. Во однос на работата, остроумноста ќе ви помогне да успеете и да ги завршите задачите со брзина на светлината.

РИБИ: Умешност е да ги зближите луѓето на подлабоко ниво: еден сектор од животот бара флекибилност, додека пак другиот постојаност. Каде и да појдете, знајте дека има каде да се вратите, бидејќи дома постои некој кој што ве чека. Традиционални кон основните принципи на животот, ќе знаете како да ги примените добиените информации.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]