Заев ќе креира политики, Елези ќе потпишува


Премиерот Зоран Заев ја презема „диригентската палка“ во Министерството за финансии, откако Владата на последната седница донесе одлука со која тој добива посебни овластувања за управување со овој ресор, по разрешувањето на досегашниот министер Драган Тевдовски. На првата седница откако реконструкцијата помина во парламентот, Владата донесе заклучоци според кои премиерот може да ги насочува дејствата […]

Кочан сепак оди во затвор


Кривичниот суд го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан за одложување на одењето во затвор на 17 јули за предметот на СЈО „Труст“, соопштија од судот. „Во однос на предметот од обвинителството означен како „Труст“, молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“, соопшти […]

Свето Јаневски се повлекува од белградската пиварница БИП


Белград – Македонската компанија „М6 еден Србија“ соопшти дека решила да го прекине договорот за деловна соработка со „Белградската индустрија за пиво“ (БИП) во стечај. – Верувавме во можноста за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам пред две години го започнавме нејзиното реструктурирање. Се обидовме да направиме нешто позитивно за […]

„Фантомски приказни: Sing along“ со оперски и оркестарски солисти


 „Фантомски приказни: Sing along“ е насловен перформансот по музика на Вебер и лирика на  Харт кој вечер од 20.30 часот ќе се одржи во Куршумли ан во рамки на фестивалот „Скопско лето“. Настанот е најавен како како стенд-ап перформанс на оперски и оркестарски солисти, а се организира во соработка со  асоцијацијата „Полифонија“, Канадскиот музички центар од […]

Кејт Брнс: Заедно ќе ги изодиме патеките кон подобра иднина


Новата американска амбасадорка во Скопје Кејт Брнс во видео обраќање пред преземањето на должноста порачува дека е почестена што ќе ги претставува САД и оти ќе работи на зацврстување на врските меѓу двете земји и интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ. – Веќе 25 години работам како американски дипломат на промоција на безбедноста, […]

Почнува кампањата „Лето без пожари“


Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе започне со кампања и превентивни активности за реализација на кампања „Лето без пожари“. Како што информираат од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Град Скопје ПП Бригада на Град Скопје и Црвен крст на Град Скопје ќе започне кампањата за превенција на пожари на […]

Американскиот конгресмен Елиот Енгел во работна посета на Скопје


Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, конгресменот Елиот Енгел, во рамки на работната посета на Република Северна Македонија која е дел од неговата турнеја по земјите од регионот, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Енгел заедно со конгресменот Мајкл Мекал, кој е член на Комисијата за надворешна политика […]

Предвремени парламентарни избори во Грција


Грција- Од седум часот утрово по локално време отворени се гласачките места низ цела Грција на кои речиси 10 милиони Грци гласаат на предвремените парламентарни избори. Гласачките ќе бидат отворени 19 часот по локално време, а традиционално веднаш по затворањето медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н […]

Сончево и многу топло, од среда пад на температурите


Времето денеска ќе биде многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 31 до 39 степени и УВ-индекс 9. Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од северозапеден […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Крајно време е да смените тактика и да ги ставите личните работи на прво место: точно, работата е она што ве одржува, но сега треба да поставите нови стандарди со кои ќе си ги олесните и двете работи. Љубете се себе и љубете ги другите еднакво напуштајќи ги себичните интереси: хранете ја душата со […]

Утре и задутре привремен сообраќаен режим на булеварот „АСНОМ“


Град Скопје информира дека утре поради градежни активности за формирање прекоп за подземни инсталации на дел од булеварот „АСНОМ“ во Општина Аеродром, ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. – Сообраќајот ќе се одвива според времено решение од 7 часот наутро до 14 часот попладне, па од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Васко […]

Лозано за Илинден со концерт во Охрид


Влатко Лозаноски-Лозано ќе одржи концерт во Охрид, на 2 август, на Стадионот „Билјанини извори“ од 21 часот. „Влатко е првата македонска ѕвезда, покрај сите балкански, која ќе одржи концерт на овој стадион“, вели организаторот „Прагма“ кој најавува специјални гости, изненадувања и организиран превоз од сите градови. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре на […]

Германија ја отвора ширум вратата за ИТ работници од Балканот


Германија – Поради голем дефицит на работна сила, Германија усвои закон кој на работниците од земјите што не се членки на ЕУ значително ќе им олесни добивање работа, особено за ИТ стручњаците. Најголемата европска економија се соочува со вистински недостиг на работници. Се проценува дека моментно на Германија и неостасуваат над 1.200 000 средно и високо […]

Швајцарија најдобра дестинација за живот за странци


Швајцарија – Швајцарија е пред Сингапур како најдобра дестинација за живот за странци. Според анализата на  Expat Explorer на HSBC, државата која е дом на едни од водечките банки и фармацевтски лидери во светот, е избрана за број 1 во светот  за живот и работа на странци. Лани на таа листа Швајцарија беше на осмата позиција. Според […]

Австрија забрани пушење во сите угостителски објекти


Австрија – Австрискиот парламент, на летната сесија, последна пред предвремените избори, по долгата и емотивна дебата, донесе одлука за забрана за пушење во сите угостителски објекти и објекти каде што се консумира храна. Одлуката ќе стапи на сила на 1 ноември. Забраната важи и за фестивали организирани од клубови кои претходно биле исклучени од забраната, а […]

Тропските горештини продолжуваат до средината на наредната недела


Тропското време во земјава ќе потрае до средината на следната недела кога ќе има намалување на максималните температури за неколку степени. Денеска, пак, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на […]

Риалити шоу од институциите


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ја научи лекцијата – донел одлука да им се одземаат мобилните телефони на сите што влегуваат во неговата канцеларија и со кои е на заедничка средба. До вчера било демократија, т.е. анархија, тој имал доверба во тие со кои зборувал, ништо не криел и не слушнал дека […]

Галичка свадба 2019: Марина Петровска и Огнен Караѓозовски се новите младенци


Марина Петровска и Огнен Караѓозовски се младенците на традиционалната Галичка свадба, која годинава од 12-14 јули ќе се одржи по 46. пат. Покровител на манифестацијата годинава е претседателот Стево Пендаровски, беше соопштено на денешната прес-конференција во „Пивара Скопје“. Галичката свадба со години е прогласувана за најуспешна туристичка манифестација кај нас, а од Њујорк Тајмс и […]

Бред Пит: Ќе глумам сѐ помалку, тоа е арена за младите


САД- Американскиот актер, продуцент и активист Бред Пит ги изненади обожавателите со изјава во интервју за австралиски GQ. 55-годишниот холивудски шармер рече дека сѐ помалку ќе се појавува пред камерите. „Кога сум зад камерата, во улога на продуцент, навистина уживам во тоа. Ќе глумам сѐ помалку. Верувам дека е тоа арена за младите актери, иако […]

Јапонија и Сингапур со најмоќни пасоши во светот


Швајцарија– Јапонија и Сингапур, според најновите истражувања на „Henley & Partners“, имаат најмоќни пасоши, а нашата држава е на 46-то место. Овие две азиски земји се на врвот на листата поради безвизно патување во 189 земји во светот. Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија е на 10-то место, Хрватска на 20., Србија […]