Почнува кампањата „Лето без пожари“


Фото: Б. Грданоски
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе започне со кампања и превентивни активности за реализација на кампања „Лето без пожари“.

Како што информираат од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Град Скопје ПП Бригада на Град Скопје и Црвен крст на Град Скопје ќе започне кампањата за превенција на пожари на отворено во летниот период.

Активностите ќе се реализираат на начин што полициски службеници ќе остварат средби со рекреативците посетители на „Парк шума Водно“ по случаен избор ќе сопираат и патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на пожари на отворено со укажување од последиците и да не палат оган на отворено.

Од страна на ППБ на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани посетители рекреативци.

Од Одделението за превенција при СВР Скопје информираат дека активностите ќе продолжат во текот на летниот период во соработка со општините на Град Скопје на девет стојни точки.

– Со остварување средби со граѓани и следење на состојбата на терен со превентивно делување со цел намалување на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните да се обезбеди рано и брзо делување на надлежните институции за спречување на појава на пожари, наведуваат во соопштението од Одделението за превенција при СВР Скопје.

Фото: Б. Грданоски