Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Крајно време е да смените тактика и да ги ставите личните работи на прво место: точно, работата е она што ве одржува, но сега треба да поставите нови стандарди со кои ќе си ги олесните и двете работи. Љубете се себе и љубете ги другите еднакво напуштајќи ги себичните интереси: хранете ја душата со слатки мали тајни. Страсни импулси.

БИК: Сега е време да ѝ се препуштите на добрата среќа: наскоро ќе ги отстраните сите тешкотии и ќе можете да ја постигнете саканата трансформација. Направете ден од ноќта и од ноќта ден и потоа ќе се одморите: ова е процес на лична промена, кога самите избирате кога да работите, а кога да се повлечете во сенката на некое дрво и да размислувате.

БЛИЗНАЦИ: За да ги направите потребните промени коректно, ќе треба искрено да се соочите со ситуацијата: домот, своите ставови, интимните врски и бизнис-релации. Можеби ќе патувате, при што ќе имате можност да се запознаете подобро самите себе: доаѓате до длабока регенерација во потрага по целина. Прифатете ги дамнешните вистини.

РАК: Денес се соочувате со вистината дека ако доволно сте истрајни, ќе можете да придвижите и планини: со решителност и ментална сила ги отстранувате тешкотиите. Совет од страна на возрасен и лојален пријател, чија мудрост ќе ја послушате: две глави се помудри од една и доаѓате до саканата перспектива. Силно влијание од некоја авторитетна фигура.

ЛАВ: Сега сте свесни со какви таленти располагате: храбри, интелигентни и страсни, нема да се плашите директно да напредувате. Можеби ќе се договарате за комерцијални активности и трансакции, кои ќе го подобрат животот и ќе ви дадат материјална и емоционална сигурност. Со огромна креативна сила, знаете да го искористите поволниот тајминг.

ДЕВИЦА: Одеднаш работите стануваат полесни: некои животни фази завршуваат и наоѓате сила да го отстраните она што повеќе не функционира. Животот не стагнира, туку по сопствено темпо прави место за појавување на нови работи. Водени сте од повисоки сили, затоа сконцентрирајте ја својата сила и завршете го заостанатото. Заборавете на летаргијата.

ВАГА: Планетите ви даваат максимална заштита да се соочите со новите предизвици: што и да се случи, бидете брзи и не одолговлекувајте. Не обидувајте се да се сокриете и ќе успеете да ги задоволите своите професионални амбиции и романтични планови. Неочекувани среќни настани, но ова го заслужувате веќе одамна! Насмејте се, сè се одвива според план.

СКОРПИЈА: Со балансирана емоционална енергија, точно знаете кому треба да дадете, а од кого треба да добиете финансиска поддршка. Луѓето ја ценат вашата помош и знаат дека сте силна и изградена личност, која што минала низ многу тешкотии како победник. За нив претставувате пример и морална сила. Одвојте малку време за себе и одморете се.

СТРЕЛЕЦ: Пријателска поддршка во работата, со која што ќе ги остварите своите надежи и сништа: сонот припаѓа во доменот на друга димензија и носи скриени благослови. Избегнувајте да имате фиксирани ставови, наоѓајќи сила да се адаптирате на идните планови: слободни бидејќи ѝ служите на вистината и на некоја цел поголема од вас самите. Среќа.

ЈАРЕЦ: Се соочувате со блокади на повеќе нивоа: она што до пред некое време течеше како подмачкано, сега не може да се помести ниту за милиметар. Ако одите пак на одмор, тогаш опуштете се: најдете место за сончање и користете го времето добро. Иако работите не одат според замисленото, адаптирајте се: мудроста доаѓа со староста, па така и вие зреете.

ВОДОЛИЈА: Ова е ден за реновирање и наоѓање на нови ресурси: моќни сили ги движат партнерските односи и сега треба да се покажете во подобро светло. Коригирајте ја комуникацијата и ако одите на одмор, бидете умерени во секој поглед, бидејќи имате склоност кон екцес. Средба со некоја личност од минатото и пријателска помош: соработувајте!

РИБИ: Трката по материјалните добра започнува да ви смета: она што сметате дека ви припаѓа, всушност ве поседува вас. Ќе постапите мудро ако избегнувате средби со личности кои се себични и егоистични и така ќе се поврзете со својата подлабока страна: духовното будење бара мудрост и дисциплина, затоа не правите бранови, туку пловете си мирно.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]