Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија


Бројот на претплатници во мобилна телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.948.535, од кои 877.186 при пејд, а 813.367 постпејд резиденцијални, како и 257.982 постпејд деловни претплатници, објави Агенцијата за електронски комуникации. Според информациите за состојбата со пазарот на електронски комуникации во мобилна и фиксна телефонија, во првиот квартал годинава е реализиран сообраќај од 1.311.733.709 […]

Имаме сонце, а форсираме штетни хидроелектрани


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ испрати жалба до Енергетската заедница поради владината уредба за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори која, како што наведуваат во соопштение, неправедно ги фаворизира малите хидроелектрани пред другите енергетски извори.„Еко-свест“ и CEE Bankwatch Network, стои во соопштението, вчера ја испратиле жалбата до Енергетската заедница. […]

Веганска храна за Ванеса Меј: Славната виолинистка доаѓа со миленичето во Охрид


Скромни се барањата на славната британска виолинистка Ванеса Меј (41) пред нејзиниот настап на отворањето на „Охридско лето“ на 12 јули. „Навистина немаше специјални барања, какви што би можеле да се очекуваат од една ѕвезда од нејзин калибар. Таа е веганка и нормално е дека ќе ѝ обезбедиме соодветни оброци. Исто така, Ванеса Меј најави […]

Албанија и Косово со заеднички дипломатски претставништва


Албанија- На меѓународната сцена Албанија и Косово ќе имаат заеднички дипломатски претставништа. Според спогодбата потпишана во Тирана од шефовите на дипломатиите Генц Цакај и Беџет Пацоли, се предвидува отпочнување активности за отворање заеднички амбасади и конзуларни претставништва. Во спогодбата зацртана е и заедничката стратегија во областа на надворешната политика. Спогодбата, рече албанскиот министер Цакај, се […]

Презентација на NICS системот за управување со инциденти


Конференција „Дигитализација на системот за менаџирање на кризи“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за управување со кризи и НАТО, на која ќе биде претставен NICS – следната генерација на систем за управување со инциденти во Република Северна Македонија. Пред присутните, како што е најавно, свое обраќање ќе имаат премиерот Зоран […]

Макрон: Европа не треба да се плаши од Брегзит без договор


Франција – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека Европа не треба да стравува од Брегзит без зделка, но предупреди дека ако новата влада на Велика Британија побара продолжување на рокот по 31 октомври таа треба да достави нови аргументи за да ги оправда. – Сметам дека не би требало да стравуваме од најлошото и сценарио […]

Почнува со работа контролниот центар за патарини и патишта


Контролен центар за патарини и патишта преку кој ќе се врши мониторинг на сите наплатни станици, како и регулирање на сообраќајот на автопатната мрежа во земјава ќе биде официјално отворен денеска кај наплатниот пункт Петровец. На отворањето, како што е најавено ќе присуствуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерот за транспорт […]

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Траекторија“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски […]

Жолта алертна фаза – многу топло со температури до 40 степени


Целата територија на земјата е во жолта фаза, денеска времето ќе биде многу топло, со максимални температури кои во југоисточните делови ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9. Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта фаза за високи температури. Во Скопје утринската температура ќе биде 19, […]

Реконструкцијата и по неа


НИКОЛА ПОПОВСКИ Реконструкцијата на Владата што долго се најавуваше, која се претвори во клучен, па и можеби единствен аргумент за победа на Стево Пендаровски во вториот круг на претседателските избори и претендираше да даде одговор на многу од прашањата за кои сегашната власт не испорача ни блиску до соодветни одговори, се претвори во антипод на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се случуваат крупни промени за кои допрва треба да го фатите ритамот: истовремено сакате да напредувате, но и да се одмарате и никако да одлучите што е приоритет. Почекајте до вечерта и ќе се соочите со комплетно неочекувани случувања: нов ангажман или пријателски понуди за патување. Прекрасни шанси за уживање во летото. БИК: Веќе […]

Џејмс Бонд пристигна во Лондон: Даниел Крег продолжува со снимање


Англија– Тајниот агент Џејмс Бонд пристигна во Лондон. Објавени се новите фотографии со главната ѕвезда Даниел Крег во костум, по снимањата во Норвешка и на Јамајка.  Крег е опоравен од операцијата на глуждот, а во 25. филм од серијалот за 007 глумат уште и Рами Малек, Леа Сејду, ралф Фајнс и Наоми Харис. 51-годишниот актер […]

УЈП: Безбедни се сите податоци во апликацијата МојДДВ


Управата за јавни приходи (УЈП) денеска информира дека апликацијата МојДДВ е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. УЈП ги уверува граѓаните дека нивните податоци се максимално заштитени и без да стравуваат да ја преземат апликацијата којашто е поставена и на нивната […]

Започна изградбата на пругата Приштина – Генерал Јанковиќ, Харадинај бара линија за Драч


Косово– Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска во Косово Поле присуствуваше на почетокот на изградбата на железничката линија до Генерал Јанковиќ, на границата со Северна Македонија, при што нагласи дека таа е исклучително значајна за Косово затоа што го поврзува со соседите. Според Харадинај, Косово има извонредна патна, но заостанува во поглед на железничката инфраструктура, поради […]

На приватна церемонија: Малиот Арчи ќе се крштева в сабота


Англија– Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), и принцот Хари (34) станаа родители на синот Арчи на 6 мај и во моментот се подготвуваат за крштевка. Британските медиуми пишуваат дека Меган и Хари ќе го крштеваат синот на 6 јули, в сабота, точно два месеца по неговото раѓање. Тие ја избраа приватната капела на кралицата […]

Синди Крафорд: Плажата во Малибу ја замени со ридови во Калифорнија


САД- Една од најславните манекенки на сите времиња Синди Крафорд со сопругот Ренди Гербер и двете деца Присли (19) и Каја (17)  се сели во нов дом. Новиот дом кој го бараа со години, го платиле 5 милиони евра и се наоѓа во ридовите на Калифорнија. Досегашниот дом во Малибу го продале за седум милиони […]

Времен сообраќаен режим за камиони до крајот на август


Тешките товарни возила со вкупна маса над 15 тони, од 1 јули до 31 август годинава за време на деновите од викендот и денови при екстремно високи температури имаат забрана за сообраќање во петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со […]

„Анте Поповски – Антево перо“ од 4 до 6 октомври во Скопје и Лазарополе


Втората Меѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ ќе има многу поамбициозна и побогата програма во споредба со минатогодишното прво издание и покрај, како што посочува организаторот, далеку поскромниот доделен буџет во однос на претходната 2018 кога манифестацијата првпат влезе во годишната програма на Министерството за култура. Во чест на творештвото на Анте Поповски, […]

Конституиран новиот Европски парламент


Франција – На пленарната сесија во Стразбур денес е конституиран новиот деветти по ред Европскиот парламент. Деветтиот законодавен дом на Европскиот парламент од првите директни избори од 1979 година започнува со работа денеска. Тој брои 751 пратеник од 190 политички партии од 28 земји-членки, 61 oтсто се нови пратеници од нив 60 отсто се мажи и 40 отсто се жени. Деветтиот законодавен дом на Европскиот парламент беше официјално отворен ова утро во 10 часот […]

Јапонците лути на Ким Кардашијан: Кимоно е национална, а не долна облека


САД– Риалити ѕвездата Ким Кардашијан предизвика гнев кај јапонските потрошувачи по именувањето на својата нова колекција за затегнување и обликување на долна облека “Кимоно Суливанеур”, вели Асошиетед прес. Кардашијан ја променила оваа намера откако прочитала неколку мислења кои биле огорчени поради нејзината идеја. Така, таа исто така напиша на нејзината страница на Твитер дека внимателно […]