Пет млади лица загинаа во директен судар на Ибарска магистрала


Фото: Б. Грданоски

Србија- Пет млади лица ноќеска загинаа во директен судар меѓу возила „БМВ“ и „Дачија“, на Ибарската магистрала, кај местото Жупањ, во Општина Љиг, пренесоа утринава белградските медиуми.

Според првичните сознанија уште четири лица, кои во несреќата се здоболе со тешки повреди, се во животно загрозувачка состојба.

Несреќата се случила еден час по полноќ.

Четири од загинатите биле во „Дачијата“, додека едно во “БМВ-то’, пренесуваат медиумите во Србија.