Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Можеби денес ќе се разбудите порано, размислувајќи како е најмудро да постапите за да ги исполните желбите на вашето срце: еден дел од летото е веќе изминат, но сѐуште постојат работи кои што може да ги постигнете. Комуникација околу домашните потреби и нови љубовни познанства: излезете со пријателите.

БИК: Денес сте среќни бидејќи успевате да го вратите емоционалниот баланс и на тој начин да го префрлите фокусот на пошироките животни прашања: можеби размислувате за патување во далечните земји и сакате да ги остварите своите најинтимни желби. Повеќе не се плашите да се соочите со иднината и работата од долготраен карактер.

БЛИЗНАЦИ: Во фокус доаѓаат партнерските врски, кои минуваат низ одреден вид на трансформација: веќе подолго време се чини дека не можете да го консолидирате ова поле, но денес доаѓате до важни сознанија поврзани со вашите љубени. Од вас се бара радикална промена и ако сте истрајни, наскоро ќе може да славите.

РАК: Не губете ја вербата, останете неутрални во секоја ситуација и ќе успеете да го покажете својот шарм и таленти. Иако сакате да уживате во добра храна или пијалок, денес е добро да направите рестрикција на ова поле за да го сочувате своето добро здравје. Дајте мала донација и сменете ги дневните навики. Нов работен ангажман.

ЛАВ: Задоволни поради тоа што некои проекти се зад вас, бидете благодарни затоа што направивте работи од трајна врендост: тие ќе продолжат да просперираат, дури и ако околностите се неизвесни. Силно влијание од страна на некоја личност, која што ви сугерира да останете флексибилни: убава трансформација во креативните потфати.

ДЕВИЦА: Различните ставови и уверувања може да доведат до прогресивни идеи: можеби ќе треба брзо да реагирате, но нека тоа не ви причинува нервоза. Бидете објективни и ќе напредувате во оној правец во кој што е фокусирано вашето внимание. Послушајте ги потребите на своето семејство и размислувајте за општото добро.

ВАГА: Се чини дека доаѓате до одговори како од ведро небо: силна инспирација, која што ќе ги возбуди вашите емоции! Можеби ќе бидете изненадени и самите, но верувајте си повеќе: интуицијата никогаш не ве излажала и сега можете да научите многу од ова искуство. Приближете им се на своите пријатели и научете нови работи.

СКОРПИЈА: Убави и сензуални, денес за промена јавно ја изразувате својата љубов: прекрасен период, во кој што зрачите со посебен вид на енергија. Здравјето е на оптимално ниво, а луѓето го слушаат секој искажан збор и ви веруваат сѐсрдно: ретко кој може да му одолее на вашиот шарм! Ја покажувате својата компетентност во работата.

СТРЕЛЕЦ: Со нагласени емоции и по малку брзи, денес би можеле и премногу да инсистирате на своите права: добро е да верувате дека она што се случува сега е на место и во свое време, дури и да не ги разбирате целосно сите работи. Откријте колку вредите, признавајќи им ја на останатите нивната вредност и останете цврсти.

ЈАРЕЦ: Иако можете да опстанете дури и во најтешките услови без оглед дали сте сами или дел од некое друштво или организација, денес ќе треба да им се посветите на потребите на тимот: така ќе успеете да си ја вратите насмевката на лицето и да дојдете до брилијантни идеи. Имајте поширока перспектива за работите и работете повеќе.

ВОДОЛИЈА: Побарајте совет од некој доверлив пријател или искусен професионалец: почитувајќи ги своите чувства на темата која што ве засегнува, ќе успеете да го фатите темпото на денот. Можеби ќе појдете на далечен пат или пак успешно ќе се справите со новите и нагли информации. Можен е нов договор меѓу вас и вашите сакани.

РИБИ: Откривате ново значење во својот живот: некоја мудра изрека или совет ќе ви помогнат да се ослободите од дилемите и маките и ќе откриете нов начин да ги решите недоразбирањата. Сега знаете каде е најдобро да ги инвестирате своите финансии, но и време и можеби ќе планирате патување или пак нови диети. Време е за детоксикација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com