Нови рочишта за „Тотал“, „Топлик“ и „Тарифа“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Тотал“, „Топлик“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и консалтинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал медиа центар“ […]

Обновена сцената на Античкиот театар во Охрид


Националната установа Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид во соработка со Националната установа „Охридско лето“  ја реконструира сцената на Античкиот театар. Станува збор сцена со површина од 270 метри квадратни која поради дотраеност беше  во исклучително лоша состојба. Градежните зафати ги извршија екипи на јавното локално претпријатие „Градски гробишта “ […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Сега е време да застанете и да се запрашате дали се движите во вистинската насока или само се залажувате: кои се вашите мотиви и зошто работите? Дали навистина го сакате она што го правите или нешто треба да менувате? За да ги направите вистинските промени во следните два месеци, ќе треба да делувате бавно: […]

ИФКК:  Јоргос Арванитис е вториот лауреат на Златна камера 300 за животно дело


На денешната трета прес конференција посветена на јубилејното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаkи“ директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска го објави вториот лауреат на Златна камера 300 за животно дело, светски познатиот кинематографер Јоргос Арванитис. „Оваа година и двајцата добитници на наградата за животно дело ќе бидат во Битола и Златната камера […]

Бијонсе по три години на црвениот ќилим: Лавица во Александар Меквин


САД-Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот „Кралот лав“, кој наскоро ќе можете да го погледнете и во нашите кина. Главна ѕвезда на вечерта беше Бијонсе која својот глас во филмот го позајми за лавицата Нали. Ова е нејзино прво појавување на црвениот килим по цели 3 години. Заблеска во необична креација, која ја […]

Сингапур симнат од врвот: Швајцарија е најдобра земја за работа и живот


Швајцарија- Швајцарија е земјата која е прогласена за најдобро место за работа и живот. Оваа мала европска земја се најде на тронот на HSBC листата и ја симна од првото место Сингапур која пет години беше на врвот. Високиот животен стандард, конкурентните плати и стабилната политичка и економска ситуација, се главните причини за овој успех […]

Бернард Тапи ослободен од кривично гонење во случајот со арбитражата за купопродажбата на „Адидас“


Франција- Поранешниот француски министер и претприемач Бернард Тапи беше ослободен од обвинувањата за „измама“ за фамозната арбитража од 2008 година во висина од 403 милиони евра за купопродажбата на „Адидас“. Ова е нова победа за Бернар Тапи, можеби последната за поранешниот министер, претприемач и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Марсеј, кој од 1980-тите години редовно […]

Димитров и Поповски на Меѓународна конференција за слобода на медиумите во Лондон


Делегацијата на Владата предводена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, на 10 и 11 јули 2019 година, ќе престојува во работна посета на Лондон. Министрите Димитров и Поповски ќе учествуваат на дводневната Меѓународна конференција за слобода на […]

Променливо облачно, со пороен дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2). Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, […]

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тендери“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Траекторија“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Траекторија“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот […]

Свети Стефан е луксузен како пред 40 години: Скриени балкони со поглед на Јадран


Далеку од очите на јавноста, на скриени балкони, со поглед на Јадранското Море, холивудските ѕвезди, режисерите Орсон Велс и Карло Понти, актерите Елизабет Тејлор со сопругот Ричард Бартон, Софија Лорен, Кирк Даглас, принцезата Маргарет и скијачкиот ас Ингемар Стенмарк, уживале во гастрономски деликатеси на малиот полуостров и хотел со пет ѕвезди во 80-тите години. Четириесетина […]

Местењето тендери инцидент или редовна појава?


Големи тендери што не се делат на лотови, речиси една третина со само една понуда, постојано зголемување на бројот на тендери без оглас затоа што се „крајно итни“ и на жалбите – ваква е сликата за јавните набавки во земјава спроведувани по стариот закон. Од април оваа година почна да важи новиот Закон за јавни […]

Салвини го затвори најголемиот центар за мигранти во Европа


Италија – Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој го опиша како најголем во Европа, истакнувајќи дека приливот на мигранти е намален откако тој стапи на должност пред една година. Салвини рече дека за една година бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000. […]

Трговија со секс во богатите американски кругови: Милијардерот Епштајн искористувал малолетнички


САД – Американскиот финансиер Џефри Епштајн во понеделникот се изјасни дека не е виновен за обвиненија за трговија со секс, откако обвинителите го осомничија дека намамил десетици девојки на возраст од 14 години во неговите луксузни домови во Њујорк и Флорида и ги плаќал за сексуални активности. Обвинението што беше претставено федералниот суд во Менхетен […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе треба свесно да се фокусирате на позитивното и да не се лутите беспотребно: лесно е да се гледаат само убавите работи во животот и да се заборави на оние болните, но тоа е инфериорен начин на размислување. Откријте кои шанси се со добар потенцијал и кротете ја импулсивноста: имајте големи сништа, но […]

Серена казнета со 10.000 долари за оштетување на „светата трева“


Англија – Седумкратната шампионка на „Вимблдон“, Серена Вилијамс беше казнета од организаторите на најстариот и најпрестижниот Гренд-слем турнир. Поранешната број 1 во светот беше санкционирана со 10.000 долари за нанесена штета на тревната покривка на еден од терените. На 30 јуни, ден пред официјалниот старт на турнирот, за време на еден од тренинзите пред почетокот на […]

Во четврток петто прскање против комарци во Скопје


На подрачјето на градот Скопје во четврток ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци. -Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива во четврток во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција, информираат од Град Скопје. Доколку временските услови […]

Мила Москов ќе не претставува на јуниорскиот Евросонг во Полска


На 17. Јуниорски евросонг 2019 кој ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска, земјава ќе ја претставува Мила Москов, ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп. Македонската радио-телевизија соопшти дека по аудицијата одржана во саботата, на која учествувале 18 кандидати, комисијата едногласно ја избрала Мила Москов оценувајќи дека има најдобар настап, поседува […]

Светскиот виолинист Дејвид Герет доаѓа во Скопје : Кросовер хитови од Моцарт до Металика


Кросовер ѕвездата од Германија, Дејвид Герет (38) -(по мајка Американец) за прв пат со својата кросовер програма доаѓа и во Македонија- со спектакуларен концерт на 25 септември, во ВИП арената, во организација на „Прагма продукција“. Герет, со неговиот албум “UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE, е на нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10 […]

Се разведува Ерос Рамацоти


Италија- Поп-ѕвездата  Ерос Рамацоти (56), ги шокира фановите откако ги потврди гласините дека се разведува од манекенката Марика Пелегрини. Музичарот и неговата 26 години помлада сопруга се договориле спогодбено да се разделат, после приближно пет години заеднички живот, а претходно речиси исто толку се забавуваа. – Тоа беа прекрасни десет години. Заедно создадовме прекрасно семејство […]