Момче се удави во Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен


Петнаесетгодишно момче се удави вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен, потврди кумановската полиција. Според првичните информации на СВР Куманово, момчето родено во 2004-та година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегол во водите на Пчиња и се удавил. Известен е јавен обвинител и […]

Концерт на „Охридско лето“ по повод 85 години од раѓањето на композиторот Зографски


Со концерт посветен на јубилејот – 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски,  фестивалот „Охридско лето“ вечер ќе го заокружи музичкиот дел од годинашната Програма. На авторската вечер во црквата „Св. Софија“ со почеток во 21:00 часот посветена на творештвото на Томислав Зогравфски, ќе настапат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија […]

Заврши анкетата за прибирање предлози за нови имиња на топоними во Скопје


Заврши анкетата во која скопјани можеа да предлагаат нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Анкетата ја објави Град Скопје на 29 јули годинава, а беше отворена до вчера, 18 август. Граѓаните имаа можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со […]

АХВ со нов правилник за промет на храна од животинско потекло


Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи прес-конференција на тема: Дефинирање на условите за ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи од страна на производителите согласно новиот правилник на АХВ. Како што соопштија од Стопанската комора, на прес-конференцијата најавено е присуството на Ванчо Новоселски – […]

По рампата за македонските компири и медот: Во игра и транзитна такса за косовските камиони


Македонија ќе се обиде преку дијалог да го надмине трговскиот спор со Косово. Ако не оди, во арсеналот ја има и непопуларната мерка – транзитна такса за камионите што носат стока во Косово. Пресметките за брзиот и голем негативен ефект од зафатот од прва треба да му покажат на северниот сосед дека во случајов не […]

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Претходното рочиште беше одложено поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев. Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од […]

Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ индексот ќе изнесува 8. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 степени, а дневната температура од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината сончево време со утринска температура до 15 степени, […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Преголемото размислување ве спречува да дејствувате исправно: денес откривате дека големите планови не значат ништо, ако немаат практична примена. Секако, тие треба да им служат и на вашите најблиски, со кои што се договарате како да ја смените рутината и да го подобрите животниот стандард. Отворете ги очите и немојте да сте суетни. БИК: […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ова е период кога најмногу би ги посматрале облаците како се движат на небото, размислувајќи за подлабоките причини на нештата, но можеби ќе бидете повикани да го дадете својот глас или мислење за некоја важна тема: комуницирајте лесно и спонтано и ќе привлечете внимание на некоја пожелна личност. Успех. БИК: По малку поспани и […]

Моќ


ЛЕЈЛА САБИТ Платежна, куповна, финансиска, политичка, преку ноќ, цел живот, заслужена, купена, заработена, наследена, и тука и во светот ви ги кројат живот и работата, за арно или за лошо, за ќар или зијан, за благосостојба или за одмазда. Некој со моќта како Супермен, спасува свет, луѓе и болни, некој со моќта како претседател сака […]

Моќта го прави стилот или стилот е моќ: Како е во светот, а како е кај нас?


Дали моќниот човек по автоматизам има стил или стилот на облекување и живеење го прави моќен? Дали моќта претпоставува луксузни модни парчиња и живот на висока нога по секоја цена, или зависи од карактерот на моќникот? Дали моќните мораат да внимаваат што ќе облечат и што ќе кажат за да не ја разочараат јавноста или […]

Почнува јубилејниот 25. Сараевски Филмски Фестивал


БиХ– Во Сараево денеска ќе биде отворен јубилејниот 25. Сараево Филм Фестивал на кој во седум дена ќе бидат прикажани 270 филмови во 18 селекции од 56 земји. Од 270 филмови колку што ќе бидат прикажани, 68 ќе имаат светска а 12 филмови меѓународна премиера. За наградата „Срце на Сараево“ оваа година ќе се натпреваруваат […]

Најбарани професии во Германија


Германија – Водоинсталатери и мајстори за грејни и разладни уреди се најбараните професии во Германија и ниту за едно друго занимање не треба толку време за пополнување на слободните работни места, покажува анализата спроведена од Федералната агенција за вработување. Речиси две третини од сите слободни работни места во оваа бранша не се пополнети во просек по […]

Викендов изменет режим на автобуските линиите 19 и 20


Улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, утревечер од 22 часот до 5 часот изутрина во недела ќе биде затворена за сообраќај поради изведување градежни работи, па во тој период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана […]

Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека не издала наредба за претрес на обвинителката Фатиме Фетаи и на другите обвинители и вели дека се работи за недоразбирање. – Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор, изјавила Јанева за А1.он. Инаку, се очекува Јанева во […]

Кражбите преку криптовалути уриваат рекорди – четири милијарди долари за шест месеци


САД – Онлајн кражбите и измами со криптовалути ги уриваат сите претходни рекорди.Во првите шест месеци од оваа година украдени се 4,26 милијарди американски долари преку криптовалути, објави CipherTrace во редовниот извештај цитиран од „Форбс“. За споредба, вкупните кибер-кражби во 2018 година изнесуваа 1,2 милијарди американски долари. Огромниот раст оваа година се должи на зголемените вештини […]

Американецот Хиндс и Хрватот Морнар се нови кошаркари на МЗТ


Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром дополнително го засили ростерот за новата сезона, откако денеска беа ангажирани  Американецот Џабари Хиндс (27 год, 181 см) и Хрватот Марин Морнар (26 год, 205 см). Хиндс, кој игра на двете бековски позиции, доаѓа со епитетот најдобар стрелец во Полска настапувајќи за екипата на Кросно, во која на 30 […]

Скопје Синема сити: Изложба на концертните плакати од личната колекција на Влатко Стефановски


Во периодот 2 – 7 септември, на локации како Музеј на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се организира 5.-то издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. Петтото издание на фестивалот ќе се состои од филмови со теми поврзани со гитарата како инструмент. За време на 5 дена, ќе […]

Анализа: Во Германија на третина вработени не им е платена прекувремена работа


Германија – Третина од вработените во Германија работат прекувремено повеќе од една година за време на нивните работни кариери. Денес, во просек, три часа неделно се работи прекувремено во Германија. Вработените работат прекувремено 9,655 часа во текот на работниот век, а за оние на високи позиции – 15.390 часа, според истражување на Партнерот за компензација (Compensation […]

Милано привремено забранува работа на компании за изнајмување електрични тротинети


Италија – Миланo одлучи да ја забрани работата на компаниите за изнајмување електрични тротинети се додека не се утврдат јасни правила за употреба на тоа превозно средство. Одредбата   предвидува дека ел/тротинети можат да се управуваат во Италија само во пешачки зони, на пешачки и велосипедски патеки и во области каде што брзината е ограничена на 30 […]