Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ова е период кога најмногу би ги посматрале облаците како се движат на небото, размислувајќи за подлабоките причини на нештата, но можеби ќе бидете повикани да го дадете својот глас или мислење за некоја важна тема: комуницирајте лесно и спонтано и ќе привлечете внимание на некоја пожелна личност. Успех.

БИК: По малку поспани и занесени, нема потреба да мислите дека работите не се развиваат. Напротив, само моменталната перцпеција е нејасна: како да пливате во темни води, но набрзо ќе допливате до сончевиот брег. Секоја криза има своја цел, а сега најдобро ќе биде да останете пасивни и да се одморите повеќе: истоштени сте, зарем не?

БЛИЗНАЦИ: Викендот започнува со убави информации и повод за насмевки: доколку не сте на одмор, појдете до најблиското излетничко место каде што ќе уживате во природата. Можеби ќе бидете поканети и на некаков вид на прослава, што значи дека ова ќе биде период исполнет со активности! Ако останете дома, ќе направите ред во домот.

РАК: Важноста на добиените пораки лежи во нивната содржина и способноста да ги прифатите такви какви што се, без да се двоумите премногу: отскокнете кон непознатото, дури и ако си мислите дека ќе останете со празни раце. Тоа сепак нема да се случи и ќе откриете нови форми за зближување со семејството. Најдете време за одмор.

ЛАВ: Ова е период на исчекување: некои работи не се одвиваат како што сте замислиле, а природата си има свои сопствени закони. Да не зборуваме за државните! Промените што се случуваат можеби ве заплашуваат, но ако си дозволувате да роните до дното на уживањето, на крајот ќе извадите повеќе песок, отколку бисери.

ДЕВИЦА: За некои работи сте можеби сѐуште неискусни, но тоа не значи дека немате потенцијал да ги развиете своите таленти: погледнете наназад колку сте успеале да постигнете и откријте ја убавината во себе, но и во другите. Во секое битие свети божествена искра, која што треба да се негува посветено и несебично. Љубов.

ВАГА: Додека другите се однесуваат нелогично и се растрчани на сите страни, вие успевате да останете ладни и смирени: кај вас постои мера во сите работи, а тоа е вашата доблест. Јасно ги гледате работите и успевате да им ги објасните и на другите околу вас: тоа не значи дека сте индиферентни, туку дека имате верба во подобра иднина.

СКОРПИЈА: Партнерските односи доаѓаат во фокус и сега сте конфузни, бидејќи работите не функционираат, а се чини дека нема ниту изглед набрзо да се решат. Можеби потешкотиите ќе се зголемуваат сѐ повеќе и ќе треба да одложите носење на важни одлуки за сега. Животот е суров, но вие сте храбри и ќе успеете да се справите со блокадата.

СТРЕЛЕЦ: Понекогаш е добро да замолчите, да ги заврзете очите и да чекорите слушајќи ја само својата интуиција: на секое семе му е потребно време да изрти, да израсне и да процвета, затоа не брзајте, особено ако започнувате нешто сосема ново. Направете мали адаптации и посветете си време за да се освежите и подмладите. Нов циклус.

ЈАРЕЦ: Ако сакате да имате добри односи со светот, ќе треба да го коригирате прво својот однос кон самите себе: возвишете го своето однесување и бидете потолерантни. Сетете се на минатото и планирајте за во иднина, имајќи силна верба дека ќе успеете. Сето ова ќе ве донесе до нов животен стил, нови односи и контакти. Хранете се добро.

ВОДОЛИЈА: Сега веќе сфаќате дека се направени пропусти и дека голем напор е вложен во погрешна насока: можеби премногу се фокусиравте на слабите точки, отколку на силните? Веројатно си мислите дека полошо од ова не може да биде, но дајте си време да размислите добро и учете од неуспесите: и тие имаат своја намена, зарем не?

РИБИ: И покрај силниот немир или страст, сепак можете да постигнете многу, особено ако сте рационални и имате јасна цел. Ништо не трае вечно, затоа нема причина да правите отпор, бидејќи така ќе си наштетите. Поекајте додека да ги добиете сите релевантни податоци и повторно ќе успеете да се издигнете: како да сте добиле нова гардероба.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]