Макрон во летната резиденција во Брегансон на средба со Путин


Франција – Првите луѓе на Франција и Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин, попладнево ќе се сретнат во Брегансон – летната резиденција на францускиот претседател, само пет дена пред самитот на Г7 во Бијариц, на кој рускиот претседател не е поканет. Францускиот претседател ќе го прими својот руски колега во тврдината Брегансон, во Вар. Рускиот претседател ќе пристигне во 17:30 часот, по што е предвидено двајцата да дадат изјава за […]

Зголемен бројот на самоубиства во француската полиција


Франција – Тројца припадници на интервентната единица, еден висок офицер и предавач на Полициската академија се меѓу осуммината француски припадници на полицијата кои неодамна извршија самоубиство, со што бројот на такви случаи во земјата оваа година се зголеми на 64 лица. Моментно бројот на полицајци кои сами си го одземале животот е поголем од бројот на […]

Сараево филм фестивал: Оскаровци и ѕвезди


БиХ– Мексиканскиот режисер, продуцент и сценарист Алехандро Инариту, познат по проникливите, универзални приказни за човековата состојба, полскиот наградуван режисер Павел Павликовски и француската актерка Изабел Ипер се добитници на почесното „Срце на Сараево“, награда за исклучителен придонес на филмската уметност на Сараево филм фестивал. Сараево е моментно центарот на филмската уметност во регионот. Се одржува […]

Медведев преку Гофин до трофејот во Синсинати


САД– Русинот Данил Медведев го освои трофејот на турнирот во Синсинати, откако ноќеска во финалето го совлада Белгиецот Давид Гофин. Во меч што траеше еден час и 41 минута, Медведев го доби првиот сет со 7:6, додека во вториот славеше со 6:4. По овој успех, Русинот за првпат се најде меѓу првите пет на АТП […]

Трамп против соработката со Хуавеј, дури и ако се укине забраната


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека поради националната безбедност не сака САД да работи со кинескиот Хуавеј, дури и доколку администрацијата одлучи да го продолжи грејс периодот за таа компанија. Западните медиуми очекуваат американскиот Оддел за трговија да ги одложи санкциите за компанијата Хуавеј, со што ќе и биде дозволено на фирмата да купува […]

Екстремните жештини ќе траат сè подолго во Скопје


Скопје летово беше во портокалова фаза, а термометрите покажуваа и до 45 Целзиусови степени. Ефектите од глобалното затоплување веќе се реалност и се случуваат, а тоа во иднина само ќе се влошува. Летово цела Европа беше зафатена од топлотен бран со рекордно високи температури. Во Париз беа измерени рекордни 42,6 Целзиусови степени, а некои делови […]

Улиците во Скопје се асфалтираат во трета смена


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, спроведува летна градежна офанзива во градот. За да не се блокира сообраќајот, голем дел од работите низ сообраќајниците се одвиваат ноќе. Градежните работи на булевар „Кочо Рацин“, пред Црвен крст ќе се одвиваат без престан 36 часа, со цел денес наутро крстосницата целосно да е проодна и сообраќајот да се […]

Почина легендарниот актер Питер Фонда, ѕвездата од „Голи во седло“


САД– Легендарниот актер Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови. Питер е син на актерот Хенри Фонда, брат на актерката Џејн Фонда и татко на актерката Бриџит Фонда. Во 1969-та година, тој станал продуцент и коактер со Денис Хопер и Џек Николсон во […]

Ѓоковиќ прв на АТП листата


САД- Поразот од Данил Медведев во полуфиналето од Мастерсот во Синсинати го чинеше Новак Ѓоковиќ 640 бода имајќи предвид дека ја бранеше титулата на овој турнир.И покрај тоа неговата предност во однос на Рафаел Надал и Роџер Федерер е убедлива. На Шпанецот му „бега“ речиси 4.000, а на Федерер речиси 5.000 бода. Сепак, мора да […]

Харадинај: Не беше лесно да се спречи распарчувањето на Косово


Косово – Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај оцени дека неговата партија, Алијансата за иднината на Косово (ААК), е денес „поблиску од било кога до реализација на проектот 100 отсто држава“. По синоќешната средба со локалните партиски структури во Исток, во рамки на неофицијалната кампања што ја започна за предвремените парламентарни избори што треба да се одржат […]

ОН: Од Втората светска војна немало толку бегалци


Швајцарија – Бројот на бегалци во светот достигна рекордни 70 милиони луѓе, соопштија Обединетите нации, додавајќи дека толкав број на бегалци не е забележан уште од Втората светска војна. Во соопштението на германскиот огранок на УНХЦР, објавено пред Светскиот ден на хуманитарноста, се наведува дека луѓето бегаат од војните, прогонот и последиците од глобалното затоплување. Хуманитарната […]

Комеморација за првиот исчезнат глечер во Исланд


Исланд – Со читање поезија, минута молк и политички говори за неопходноста од борбата против климатските промени, исландски функционери, активисти и други присутни се простија од некогашниот глечер Окјокул. Станува збор за првиот исчезнат глечер во Исланд, кој тамошниот геолог Одур Сигурдсон уште пред 10 години го прогласи за мртов. Сигурдсон вчера на комеморација, во присуство […]

Кис победничка на турнирот во Синсинати


САД – Американската тенисерка Медисон Кис го освои трофејот на турнирот во Синсинати. Таа синоќа во финалето ја совлада Русинката Светлана Кузњецова со 2-0, по сетови 7:5 и 7:6 за еден час и 45 минути игра. Кузњецова до финалниот меч за првпат во кариерата во текот на еден турнир победи три претставнички од најдобрите 10: Слоун […]

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). – Од денеска ќе се изведуваат градежни активности при поставување индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово […]

Македонските одбојкари со два пораза се враќаат од Романија


Романија– Македонската одбојкарска репрезентација го загубија и вториот контролен натпревар со Романија во Крајова. По саботниот пораз со 3:0, Македонија вчера загуби со 3:2  (23:25, 20:25, 25:18, 25:10, 15:12). Селекторот на „црвено-жолтите“ Никола Матијашевиќ на вториот контролен дуел на позицијата техничар го постави Ѓорѓи Ѓорѓиев, а мала минутажа на примачка дијагонала доби и Александар Љафтов кој […]

Фредериксен: Апсурдна е идејата за продажба на Гренланд на САД


Данска– Гренланд не е на продажба, а идејата да им се продаде на САД е апсурдна, порача вчера данската премиерка Мете Фредериксен откако економскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп  потврди дека Вашингтон е заинтересиран за купување на овој остров. -Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Искрено […]

Дуа Липа е лице на новиот парфем Libre од Ив Сен Лоран


Франција– Поп-ѕвездата од Косово со светска кариера Дуа Липа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од зад сцената на снимањето на рекламната кампања за новиот парфем на Ив Сен Лоран во Париз. Новиот парфем од луксузната француска модна марка се вика Libre.  Станува збор за моќен, цветен парфем кој содржи ноти од цвет од портокал […]

Монако подготвен да плати 65 милиони евра за Икарди


Италија – Монако е подготвен да понуди 60-65 милиони евра плус бонуси за напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, пренесува „Фудбал Италија“. Клубот од Кнежеството за играчот планира петгодишниот договор со плата од 12 милиони евра по сезона. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец би сакал да се пресели во Јувентус, но засега има понуда само од Наполи. Интер […]

Грчкиот митрополит Амвросиос, кој е осуден за говор на омраза, си поднесе оставка


Грција– Грчкиот митрополит Амвросиос, познат по тоа што остро  ги критукуваше оние за кои смета дека се однесувале на „нехристијански и негрчки“ начин, вклучувајќи ги хомосексуалците, мигрантите и политичарите, вчера си поднесе оставка. Митрополитот Амвросиос (81), кој од 1978 година служеше во епархијата Калаврита, на југот на Грција, оставката ја објави во текот на неделната […]

Северина во Струмица: Стил кој не излегува од мода


За настапот во Струмица, регионалната поп-ѕвезда  Северина се фотографираше во романтична модна комбинација – здолниште со асиметричен крој и карнери во силна црвена нијанса, во комбинација со точкаста кошула. Силната црвена нијанса веќе ја гледаме на модните парчиња од есенските колекции на познатите луксузни модни марки, како и во колекциите на омилените „хај стрит“ брендови. […]