Македонските одбојкари со два пораза се враќаат од Романија


Романија– Македонската одбојкарска репрезентација го загубија и вториот контролен натпревар со Романија во Крајова. По саботниот пораз со 3:0, Македонија вчера загуби со 3:2  (23:25, 20:25, 25:18, 25:10, 15:12).

Селекторот на „црвено-жолтите“ Никола Матијашевиќ на вториот контролен дуел на позицијата техничар го постави Ѓорѓи Ѓорѓиев, а мала минутажа на примачка дијагонала доби и Александар Љафтов кој не играше во саботата.

По едномесечните подготовки во Маврово, овој двомеч беше прва проверка на формата на македонските одбојкари во пресрет на учеството на Европското првенство во септември.

На ЕП, Македонија е во група со домаќинот Словенија, Финска, Турција, Русија и Белорусија.