Дуа Липа е лице на новиот парфем Libre од Ив Сен Лоран


Франција– Поп-ѕвездата од Косово со светска кариера Дуа Липа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од зад сцената на снимањето на рекламната кампања за новиот парфем на Ив Сен Лоран во Париз.

Новиот парфем од луксузната француска модна марка се вика Libre.  Станува збор за моќен, цветен парфем кој содржи ноти од цвет од портокал и ванила.

Сеуште не е објавен точниот датум на продажба на YSL Libre, но се очекува дека ќе биде достапен до крајот на овој месец. Цената на парфемот, во зависност од големината, ќе биде од 70 до 120 евра.