Улиците во Скопје се асфалтираат во трета смена


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, спроведува летна градежна офанзива во градот. За да не се блокира сообраќајот, голем дел од работите низ сообраќајниците се одвиваат ноќе.

Градежните работи на булевар „Кочо Рацин“, пред Црвен крст ќе се одвиваат без престан 36 часа, со цел денес наутро крстосницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на градот. Реконструкцијата на целиот булевар ќе заврши во текот на наредната недела.

Мостот „Гоце Делчев“, исто така, според најавите, целосно ќе биде завршен и од денес се очекува непречено одвивање на сообраќајот во тој дел од градот. Шилегов информираше и за други реконструкции на улици и сообраќајници, за нивно обележување и за миење на улиците.