Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Преголемото размислување ве спречува да дејствувате исправно: денес откривате дека големите планови не значат ништо, ако немаат практична примена. Секако, тие треба да им служат и на вашите најблиски, со кои што се договарате како да ја смените рутината и да го подобрите животниот стандард. Отворете ги очите и немојте да сте суетни.

БИК: Контакт со личност која секогаш инсистира да биде во право и секако ова повеќе не е интересно: во ваквото однесување се открива потребата за доминација, а која е суптилна игра на оние со послаб карактер. Познати по својата трпелива природа, ќе успеете да останете мирни и ќе избегнете недоразбирања со останатите.

БЛИЗНАЦИ: Обидете се да се смирите и да се соочите со семејните работи на правилен начин: ова се веќе видени работи и сега треба да ги примените научените тактики. Избегнете конфронтација и сокријте се на помирно место. Не може да се борите со цел свет, затоа преиспитајте ги своите мотиви и не докажувајте ја својата моќ.

РАК: Влегувате во една нова фаза, кога од вас се бараат рационални решенија. Сето ова е поврзано со вашите повисоки цели и амбиции, но за сега се чувствувате како да сте изгубени во шумски лавиринт: не дозволувајте си да ве заведе имагинацијата и да изгубите чувство за реалноста. Задржете го фокусот и остварете ги желбите.

ЛАВ: Помпезното однесување веќе губи сјај: од денес натаму ќе треба да работите методично за да го задржите саканиот статус. Не дозволувајте да ве фаќа хистерија и анализирајте што е добро да консумирате, во однос на храната, но и на информациите. Смирете го фокусот и дишете изедначено: останете достоинствени и мудри.

ДЕВИЦА: Од денес натаму ќе ја покажете својата силна решителност да им помогнете на оние кои што ви помагаат и вам: ќе се погрижите за покревките личности и ќе ги отстраните оние кои што ве спречуваат да ја вршите вашата мисија. Безусловната љубов и несебичната служба ќе ги ревитализира ситуациите над сите очекувања. Среќа.

ВАГА: Ако сакате правилно да се разберете со саканите, ќе треба цврсто да ги фатите уздите во своите раце: брза динамика со самиот почеток на денот, во кој што имате измешани емоции и нагласена интуиција. Помогнете им на партнерите да дојдат до потребната емоционална јаснотија и изразувајте се умешно. Многу изненадувања.

СКОРПИЈА: Гледате како проаѓа летото и дека се враќате на самиот почеток: ако работите, ќе треба да работите уште понапорно. Ако го минувате времето дома, ќе треба го чистите и да се подготвите за неизвесната иднина. За сега не можете да очекувате резултати, туку само да останете фокусирани на целта: и чекањето има своја намена!

СТРЕЛЕЦ: Ако некој ве одбие во нешто, тоа значи дека ќе треба да откриете нова рутина за да ги остварите своите амбиции: можеби методите со кои што ќе се сретнете се сосема поинакви од очекуваното, но менувајќи се себе ќе успеете да ги избришете и туѓите солзи, затоа не противете се на оваа транзиција. Истрајте во хуманоста.

ЈАРЕЦ: Педантна работа во областа на науката, како и шанса за соработка со луѓе со различна културна средина: покажете се во најдобро светло и со добри манири, а не онака како што љубите да се изразувате дома и пред своите сакани. Ова е период кој што ќе трае околу два месеци, во кој што ќе ги коригирате методите на работата.

ВОДОЛИЈА: Ако си дозволите да останете фокусирани на крајната цел и да немате свест за она што ѝ го чините на својата поблиска околина, ќе изгубите перспектива, како и можност да преговарате за подобра позиција. Соочете се со болната вистина и разберете ги своите подлабоки мотиви. Дигнете ја завесата и покажете што стои на сцената.

РИБИ: Се јавува потреба да ги браните или застапувате правата на другите, особено на оние послабите од вас: грижете се за вашите сакани, јасно и гласно, како да не постои утре. Започнете заедно нови диети или режими кои ќе го подобрат вашето здравје и запрашајте се што од сето тоа дејствува најдобро. Легални битки и интервенции.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]