Федерер поразен во Синсинати


САД- Роже Федерер беше шокиран во осминафиналето од Мастерс-турнирот во Синсинати, губејќи од квалификантот Андреј Рубљев со максимални 0-2 во сетови. Ова беше прв дуел на Швајцарецот во кариерата против младиот Русин, а Рубљев го искористи тоа за од самиот почеток да го изненади Федерер, да го диктира темпото на мечот и на крајот заслужено да слави со 6-3, 6-4.

Двајцата тенисери минаа на теренот само 62 минути, што е најбрз пораз на Федерер во последните 16 години, откако во Сиднеј загуби од Франко Сквилари за само 54 минути игра (2-6, 3-6).