Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ако погледнете далеку кон хоризонтот, ќе откриете како се отсликуваат вашите желби во морето на пространства: не верувајте во сѐ што мислите, туку запрашајте се што чувствувате – тука лежи вашата вистина и само така ќе дојдете до реализација на своите најитимни желби. Избегнувајте емоции со нагласен интензитет и ќе се одморите добро. БИК: […]

76. Мостра во знакот на жените: Од Катрин Денев до Мерил Стрип


Италија– Катрин Денев, Роберт Де Ниро, Бред Пит, Кристен Стјуарт, Скарлет Јохансон и многу други филмски ѕвезди се очекуваат на венециска Мостра, на најстариот меѓународен филмски фестивал „Venice Film festival“ кој годинава ќе се одржува од 28 август до 7 септември, а во своето 76. издание во фокусот ќе ги има филмовите кои говорат за […]

Членови на МАНУ: Расправата за историјата на Македонците и на Бугарите треба да се води непристрасно и независно од политиката


Членови на МАНУ денеска преку соопштение ги изнесоа своите ставови во врска со, како што наведуваат, некои проблематични толкувања на македонската културна историја од официјални претставници на државата кои произлегоа од договорите потпишани со соседните земји. – На иницијатива на Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ, ние, долу потпишаните членови на МАНУ, го […]

Од безбедносни причини: Се укинува фестивалот на античка драма „Стоби“


Во амфитеатарот во Стоби овој јули прекината е 17-годишната долга традиција на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, кој по три години преместување на сцената на затворено во велешкиот театар, ланското лето повторно беше вратен на отворената древна сцена во Стоби на радост на многубројната публика. Градоначалникот Аце Коцевски вели дека причина е што Министерството […]

Ѓоковиќ нема да игра во Монтреал


Канада- Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирот од „Мастерс“ серијата во Монтреал во август, откако ќе си даде пауза по победата на „Вимблдон“ претходно овој месец. Во Лондон, Србинот ја освои својата 16-та Гренд-слем титула по епскиот финален меч од Роџер Федерер, освојувајќи го тајбрејкот во решавачкиот петти сет. – Жал ми е што […]

Кајли Џенер е најбогата ѕвезда на Инстаграм


САД– Риалити ѕвездата, Кајли Џенер, уште еднаш беше именувана за најбогатата ѕвезда на социјалната мрежа Инстаграм. И тоа воопшто не е случајно. Најмладата сестра во семејството Кардашијан  заработува 1,2 милиони фунти за секоја спонзорирана објава, објави Метро. Износот е зголемен за 27 отсто од минатата година. Кајли е проследена од пејачката Аријана Гранде, која има […]

Салман Ружди повторно кандидат за Букерова награда


Англија- Поранешните добитници на Букерова награда, Салман Ружди и Маргарет Атвуд повторно се номинирани за престижната награда во жанрот фикција. Ружди освои Букерова награда во 1981 година за книгата „Midnight’s Children“ („Деца на полноќта“), а годинава е номиниран за романот „Quichotte“. Атвуд во 2000 година победи со книгата „Blind Assassin“ („Слеп убиец“), а годинешната номинација […]

Охридско лето: Концерт на гитаристката Елена Папандреу 


Фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со вечерашниот концерт на грчката уметничка на гитара Елена Папандреу. Папандреу настапува во повеќе од 40 земји во Европа, Северна и Јужна Америка, а како една од уметниците на програмата „Нови ѕвезди“ на Асоцијацијата на концертни сали на Европа добива можност да настапува и […]

Четири лица тешко повредени во сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје


Еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден возач на мотоцикл се здобиле со тешки телесни повреди, а 11 лица со лесни телесни повреди во осум од вкупно девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во една сообраќајна незгода е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците […]

Стар или нов објект: Битка за Националниот театар во Тирана


Албанија – Судбината на зградата на Националниот театар на Албанија дополнително ја вжешти напнатата атмосфера во земјата исполнета со секојдневни протести на опозицијата и бојкоти. Многумина го сметаа овој објект за еден од најубавите и најзначајните по кој е препознатлива албанската метропола. Со одлука на владата тој треба да се урне и на негово место […]

Макрон го повика Џонсон во Париз за да разговараат за Брегзит


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон го покани британскиот премиер Борис Џонсон во наредните недели да го посети Париз, соопшти Елисејската палата. Макрон и Џонсон ќе разговараат за Брегзит, изјави претставник на Елисејската палате, кој додаде дека разговорот на францускиот претседател со британскиот премиер ќе бидат во согласност со барањата на ЕУ во врска со Брегзит. […]

Министерот Исмаили го посети археолошкиот локалитет „Градиште“ – Девол Град


Министерот за култура Хусни Исмаили го посети археолошкиот локалитет „Градиште” – Девол град, кој се наоѓа на околу 2,5 км западно од селото Дреново, во близина на Кавадарци. За време на посетата министерот Исмаили се запозна со текот на истражувањата на локалитетот каде на површина од преку 10 хектари се наоѓаат остатоци од значајна пајонска […]

Доцнење и откажување лет, најчести поплаки од патниците


Значително доцнење на лет или негово откажување, одбивање за влез во авион, сместување во пониска класа. На тоа се однесуваат најголем дел од барањата за заштита на правата на патниците доставени до Агенцијата за цивилно воздухопловство. Од почетокот на годинава до АЦВ пристигнале 12 барања за заштита на права на патници, од кои пет се […]

Со излегување на слободниот пазар, ќар и над 30 отсто за струја


Македонија има најслободен пазар на електрична енергија од сите земји членки на Енергетската заедница (ЕЗ). Процентот на либерализација, како што посочи Јанез Копач директор на Секретаријатот на ЕЗ, е околу 65 отсто, што е многу повеќе од Црна Гора која има околу 50 проценти и Србија далеку под 50 отсто, додека останатите земји имаат многу […]

Блумберг: Помпео ја повика Турција да не го става во оперативна употреба системот С-400


САД – Американскиот државен секретар  Мајк Помпео ја повика Турција да не го стаа во оперативна употреба системот за противоракетна одбрана С-400, што го купи од Русија, откако американскиот претседател  одлучи да не наметнува санкции против Анкара. -Може да има санкции, но чесно кажано тоа што навистина би сакале е С-400 да не почне да функционира, […]

Шеснаесет американски маринци уапсени поради сомнежи за шверц на мигранти


САД – Вкупно 16 американски маринци биле уапсени вчера во нивната база во јужна Калифорнија, поради сомневање за казнени дела поврзани со дрога и шверц на илегални мигранти долж границата на САД и Мексико, соопштија американски воени претставници. Апсењата на Камп Пендлтон произлегоа од одделна истрага на двајца други маринци кои биле уапсени претходно овој месец […]

Северџан е сакана душа


ЕРОЛ РИЗАОВ Тие што го употребуваат зборот сeверџан(и) за да означат предавници на татковината кои го сменија името на државата и идентитетот на народот библиски, најверојатно никогаш не би го употребиле тој збор доколку знаат што значи. Северџан е турско име составено од два збора север (сака) и џан (душа), што според најблиско толкување би […]

Објавен тендерот за автопатот Скопје-Блаце


Владата го објави тендерот за првите 2 километри од автопатот Скопје-Блаце, од граничниот премин до клучката Блаце. Автопатот ќе има две ленти за возење широки 3,5 метри и една за застанување, една клучка кај селото Блаце и два кружни тека. Ќе се вози со 100 километри на час. Финансиите за автопатот се обезбедени, објавија вицепремиерот […]

Рикер во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата


Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во работна посета на нашата држава, денеска во Скопје ќе има средби со државниот врв, а ќе разговара и со претставници на опозицијата. Предвидено е Рикер да има средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието […]

„Интеграција на идентитети“ – изложба на македонски и бугарски уметници


Во галеријата Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ со дела од 21 автор од Северна Македонија и Бугарија. Изложбата е иницирана од групата уметници „Конекција“ и продуцирана од македонскиот Културно-информативен центар во Бугарија и претходно беше претставена во Пловдив и во Софија. На изложбата ќе учествуваат уметниците од […]