Во јули помалку промет во трговијата со автомобилски горива


Прометот во трговијата на мало, во јули годинава, во споредба со јули 2018 година, бележи зголемување во повеќе сектори, а намалување има само во групата Трговија на мало со автомобилски горива.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 9,0, а реално за 7,5 проценти), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,4, а реално за 13,4  проценти) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,3, а реално за 10,5 проценти).

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 4,8, а реално за 1,1 отсто).