Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Динамиката расте и имате чувство дека луѓето се во постојан натпревар, а сѐ што би сакале самите е да најдете време за себе и да појдете некаде на пат околу светот: замислете си како да сте во Париз и седите во некоја цветна градина. Убаво чувство, зарем не? Продолжете со ова темпо и споделете ги чувствата: само небото е граница!

БИК: Започнувате многу нови креативни проекти, кои што ќе се остварат во следниот месец: не брзајте и обрнете внимание на секое составно делче од мозаикот. Сѐ си има своја намена, затоа бидете весели и изучувајте колку што можете повеќе. Љубовта повторно тропа на вашата врата и надежта во иднината се враќа: не гледајте назад. Насмејте се слатко.

БЛИЗНАЦИ: Завршувате една фаза и веднаш започнувате со нова мисија, која што ќе бара поинаков пристап. Многу промени во областа на домот и семејството, кои што бараат прилагодувања: дел од работните ангажмани се минато и сега размислувате за соработка со некој од странските земји. Афективниот сектор се менува и напредувате взаемно.

РАК: Подгответе се да оставите многу работи во минатото и да ги промените своите навики: важна трансформација со која што го менувате животниот стил. Започнувате со комерцијални активности, чести краткотрајни патувања и комуникација со најблиските роднини и соседството: имајте чувство за хумор и внимавајте на буџетот.

ЛАВ: Од вас се бара да ја втелотворите својата моќ: откријте ја својата страст и работете со здружени сили за да оставите најдобар впечаток. Подготвени сте да ги откриете подлабоките причини за работите и да се промените: покажете колку вредите и обрнете поголемо внимание на финансискиот сектор. Имате пријателска поддршка од странство.

ДЕВИЦА: Влијание од некоја возрасна личност, која зрачи со самодоверба и има силен авторитет: консултации околу менаџирањето на работата и професионалниот сектор. Ненадејно доаѓате до среќни пресверти, а тоа ја враќа вашата сила: новите партнерства имаат добра шанса за успех, а старите остануваат во минатото. Аспирациите се остваруваат!

ВАГА: Вашата подсвест е будна и ги следите сите скриени пораки упатени кон вас и вашите најблиски: повторно ги ширите своите раце во широка прегратка и заборавате на минатите недоразбирања. Оваа атмосфера е идеална за продлабочување на интимните врски, а растат и професионалните аспирации: сега никој не може да ве излаже.

СКОРПИЈА: Започнувате со организациски проекти и од вас се бара истрајност и аналитички способности: зближете се со некој, кој што ќе ви покаже како да ја контактирате рационалната страна од својата личност. Пријателска поддршка и возвишени цели и емоции: се сакате себе си низ очите на некоја друга личност и тоа ви претставува сатисфакција. Успех.

СТРЕЛЕЦ: Прекрасни информации кои што летаат на сите страни: телефонот е активен и мејловите не запираат, а тоа укажува дека се случува нешто волшебно и ќе добиете капитал кој што ќе изврши огромна трансформација. Она што досега беше сокриено, сега доаѓа во прв план на задоволство на сите и херојски се носите со својата судбина.

ЈАРЕЦ: До израз доаѓаат вашите лидерски способности и сега треба да ја покажете својата агилност и моќ: шанси за патување во странство или важна соработка со далечните земји. Можеби теренот на почеток се чини дека е лизгав и непознат, но вие умеете да се искачите и на највисоките врвови, особено ако останете оригинални и имагинативни.

ВОДОЛИЈА: Можеби некоја група на луѓе се организира против вас, земајќи си за право да го покажат својот статус и моќ: едните се поделени против другите и мудриот ќе треба да го поднесе будалестиот. Ќе успеете да ја вратите својата предност ако останете силни и не правите реакции, бидејќи секој пред полицијата има грижа на совест. Доминација и ризици.

РИБИ: Погледнете ги облаците на небото како нежно се преточуваат еден во друг, менувајќи форми на волшебен начин: барајте ги одговорите во соништата и скриените пораки во нив. Светот на имагинацијата е поважен отколку што си мислите и тука ќе пронајдете ослободување како и сокриени благослови: имајте верба и дозволете да ве водат.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]