Скопската елита на изложбата на Рубенс Корубин: Волшебни слики на мајсторот на четката


Како скапоцени камења на накитот на една префинета дама, така и уметничките слики на мајсторот на четката, Рубенс Корубин синоќа во Чифте амам светеа и ја маѓепсуваа скопската културна елита која во огромен број дојде да му оддаде почит на великанот на македонското сликарство. Последниот рененсансен човек и сликар чија уметност ја плени душата и […]

И Виена одлучи да ги задржи граничните контроли кон Словенија и Унгарија


Австрија – Откако Германија одлучи да ги продолжи граничните контроли кон Австрија за уште шест месеци и по 11 ноември, официјална Виена одлучи да ги задржи контролите на својата граница со Словенија и Унгарија. – Во согласност со околностите, ќе продолжиме со контролите што веќе ги спроведуваме на границата со Словенија и Унгарија, информира австрискиот министер […]

Умерено облачно уште денеска, следните денови потопло


Умерено облачно време со ветер од југоисточен правец ќе преовладува денеска во државата. Зголемена облчаност ќе има во утринските часови, а веќе попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе биде во интервал од четири до 12 степени, а дневната ќе се искачи до 23-тиот степен. Во Скопје слично време со минимална температура до осум […]

Нови рочишта за „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“, кои од СЈО ги презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е […]

Гутереш: ОН во најлоша финансика криза во изминатите 10 години


САД – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека ОН се наоѓаат во „најлошата финансиска криза“ за речиси една деценија, бидејќи 64 од 193 земји-членки не ги платиле своите годишни придонеси, вклучително и САД, што обично дава најмногу придонеси. Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик, рече дека генералниот секретар им пишал на сите членови, велејќи дека […]

Бела куќа: Администрацијата на Трамп нема да соработува со истрагата


САД – Белата куќа го извести Претставничкиот дом на Конгресот дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да соработува во истрагата за отповикување, нарекувајќи ја „нелегитимна“ истрага на демократите. Советникот во Белата куќа Пет Сиполоне напиша во писмото испратено до демократските лидери на Претставничкиот дом дека нивната истрага е покрената „на начин што ја нарушува основната […]

Хороскоп: што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако сакате вашите пехари да се исполнети со среќа, ќе треба да го надминете резервираното однесување и решително да работите на клучните работи во својот живот: заедничките финансии и партнерства. Бидете дискретни и не разговарајте јавно за она што го планирате: оставете нека ве води искуството! БИК: Упатете се кон нова цел, мижејќи на […]

Објавен постерот за новиот Џејмс Бонд


Англија– Долгоочекуваниот постер за новиот филм за Џејмс Бонд – „Не е време за умирање” (No time to die) беше официјално објавен. Во 25-тото продолжение на серијалот за тајниот агент 007, Даниел Крег по петти и последен пат го глуми агентот 007. Режисер на филмот е Кари Фукунага, а покрај Крег, свои улоги ќе имаат […]

Грчкото МНР се подготвува за Брегзит без договор


Грција– Да се олеснат извозот и царинските процедури, да нема отежнување на животот и секојдневието за 50 илјади Британци кои живеат во Грција и околу 120 илјади Грци во Велика Британија се дел од точите на кои Министерството за надворешни работи на Грција го става акцентот по Брегзит, особено во случај на излез на Велика […]

Заев: Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020


Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020 година, односно 45 дена пред редовните, изјави  премиерот Зоран Заев при денешната посета на фабриката „Маркарт“ во Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има предвремени избори и дали веќе е отпочната изборната кампања. Заев нагласи дека интенција на Владата, секој ден, недела и месец, е да покаже […]

Пендаровски: И Скопје и Тирана треба да почнат преговори со ЕУ


Ставот на целокупниот државен врв, премиерот, министерот за надворешни работи и мојот секојпат бил двете држави да ги почнат преговорите, изјави денеска шефот на државата Стево Пендаровски, во врска со најавите дека денеска Холандија треба да ја изгради својата позиција. Според информациите на Ројтерс, објавени минатиот викенд, Германија предлага одвојување на Северна Македонија и Албанија […]

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика


Шведска– Годинешните добитници на Нобеловата награда за физика се научниците Џејмс Киблс, Мајкл Мејер и Дидије Келоз за новите сфаќања на структурата и историјата на Вселената и за откритието на планета која орбитира околу ѕвездите од соларен тип надвор од Сончевиот систем. Шведската кралска академија на науките денеска соопшти дека половина награда му припаѓа на […]

Есенски изглед: Аделина во бело


Пејачката Аделина Тахири сними нова фотосесија за есен-зима за македонската групација со луксузни италијански брендови. Пејачката, актуелна со спотот за песната „Pergjithmone“ (Засекогаш) и  препознатлива по својот гламурозен и експлозивен стил на сцената, сега  го поднови гардероберот со нови спортско елегантни комбинации во нежни бои кои топлат на ова променливо време. Овој пат таа сподели […]

Како сестри: Анџелина Џоли и Мишел Фајфер на премиера во Рим


Италија– Анџелина Џоли (44) и Мишел Фајфер (61) прошетаа по црвениот тепих во Рим, на премиерата по повод продолжението на филмот „Господарка на злото“. Џоли реши да ги изненади сите и наместо црните комбинации на кои навикнавме, заблеска во интересна креација со црни тесни панталони и плисиран асиметричен горен дел во виолетова бојана „Живанши“. Со […]

Скопје танцов театар ја отвора сезоната 2019/2020 со „Импулс#волумен13“


Утревечер, во 20 ч., во Музејот на современа уметност, Скопје танцовиот театар ќе ја отвори сезоната 2019/2020 со претставата „Импулс#волумен13“. Претставата е составена од повеќе делови, според концепт и кореографија на Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Рисима Рисимкин. Во првиот дел, „Импулс#волумен13/1“ ќе настапат танчерите Бобан Русески, Исидора Краљевска, Борис Богдановски и Дамла Пинар Башар, […]

Светска банка: Северна Македонија продолжува со позитивни трендови во економијата, растот 3,1 отсто


Светска банка ја ревидира стапката на економски раст за годинава од 2,9 на 3,1 отсто. Во најновиот регионален извештај оценува дека Северна Македонија и Косово се единствените земји во регионот на Западен Балкан во кои има позитивни трендови кај растот за разлика од другите држави во регионот кај кои има забавување. Како што беше посочено […]

93 земји во трката за Оскар за најдобар интернационален филм


САД– Филмови од 93 земји во светот се во трката за Оскар за за најдобар интернационален филм, што е рекорд, соопшти Академијата за филмски уметности и наука. Македонски претставник е документарецот „Медена земја“ на Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Во оваа категорија, најмногу награди има освоено Италија-14, а најмногу номинации има Франција- 37. 92-то доделување […]

Средба Исмаили – Манчевски по повод светската премиера на „Врба“


Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет имаше средба со режисерот Милчо Манчевски по повод претстојната светска премиера на неговиот шести игран филм „Врба“ на Филмскиот фестивал во Рим. -На средбата стана збор за најновиот игран филм на Манчевски „Врба“ чија премиера ќе биде на 19 октомври на 14. Филмски фестивал во Рим. […]

Промоција во Небрегово: „Слова и согледби за Блаже Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев


Утре напладне, во спомен-домот „Блаже Конески“ во  Небрегово, ќе биде промовирана  „Слова и согледби за Блаже Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев. Конески влегува во редот на нашите најмаркантни личности и национални фигури, прв претседател на МАНУ кој функцијата ја извршувал во два мандата, од 1967 до 1975 година. Грандиозниот научен и поетски опус на […]

Јубилејот на „ECM Records“ во фокусот на Скопски џез-фестивал


Скопски џез-фестивал најави силна програма за 38-то издание, во чиј фокус ќе биде одбележување на 50-годишнината од германската издавачка куќа „ECM Records“. Фестивалот на 17 октомври ќе го отворат двајца познати гитаристи од САД: Дејвид Торн –  еден од најимагинативни композитори и иноватори на гитарата во изминатите 40 години и Фред Фрит – иноватор, композитор […]