Хороскоп: што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако сакате вашите пехари да се исполнети со среќа, ќе треба да го надминете резервираното однесување и решително да работите на клучните работи во својот живот: заедничките финансии и партнерства. Бидете дискретни и не разговарајте јавно за она што го планирате: оставете нека ве води искуството!

БИК: Упатете се кон нова цел, мижејќи на едното око: она што не го знаете, не може да ве повреди, туку може да ве спаси во моментите на транзиција. Понекогаш незнаењето е скриен благослов и на тој начин животот станува полесен. Имате лојални пријатели и топли интимни врски, во кои што се чувствувате заштитени.

БЛИЗНАЦИ: Нов развој во дневната рутина и сега доаѓате до значајни и содржајни пораки: од сето ова може да извлечете многу и да се трансформитате како пеперутката од својата мешунка. Средба со страсна или влијателна личност, која што ќе ви понуди нов ангажман, за кој што треба да се адаптирате. Без агресивност и лутина!

РАК: Конечно разбирате дека ќе мора да воведете рестрикции, ако сакате да ги искористите новите шанси и да ја фокусирате својата енергија конструктивно: средба со личност која што има свежи понуди, со кои што ќе го постигнете саканиот баланс. Работни ангажмани, за кои што треба да размислите внимателно.

ЛАВ: Ако сакате да избегнете фатални грешки, ќе треба да го успорите темпото: обрнете внимание во сообраќајот, комуникацијата и трговијата. Убедете ги останатите во својата гледна точка, останувајќи свесни дека не треба да правите реакции: оттргнете се од оние врски кои што ве гушат и ограничуваат. Бидете итри!

ДЕВИЦА: Послушајте ја својата интуиција кога ви вели дека треба да се одморите: запрашајте се како се чувствувате самите пред да се мерите со другите. Ако ги трпите грешките на пријателите, си грешите самите на себе, затоа добро ќе биде да проверите дали постапувате според своите сопствени потреби.

ВАГА: Не вртете го својот грб на првите знаци на критика: размислете добро каква поука можете да извлечете од новите настани и верувајте дека ќе се регенерирате. Ако некој ви завидува, тоа значи дека имате нешто што другата личност го нема, а и тоа е некој вид на пофалба: сѐ е работа на перспективата!

СКОРПИЈА: Ќе треба да вложите значителен напор и вашите проекти ќе заблескаат во ново светло: со што и да се зафатите, правете го тоа внимателно или не правете го воопшто! Потребно е да сте истрајни и трпеливи, а ако сакате да го подобрите својот карактер, не форсирајте премногу: работите веќе се менуваат постепено.

СТРЕЛЕЦ: Многу е важно да ги познавате своите капацитети, силата на својот дух и својата положба во светот: денес имате за што да славите и во тоа да ги вклучите своите сакани, семејство и пријателите. Широкогради и добронамерни, наоѓате време да се опуштите, насмеете и нашалите: моменти за прослава и одмор.

ЈАРЕЦ: Нека не ве плаши тоа што некои личности од минатото се појавуваат повторно во вашиот живот: сега сте позрели и помудри и знаете што треба да остане, а што да си замине засекогаш. Подгответе се за зимските месеци, верувајте во меѓувреме и дочекајте ја пролетта насмеани: секогаш имајте добри намери.

ВОДОЛИЈА: Сега треба да покажете дека знаете да играте според правилата: наштимајте го своето внимание навнатре пред да започнете нова фаза во животот. Не мора да одговарате потврдно на првите понудени опции, туку откако добро ќе размислите: вклучете го тимот и бирајте со кого ќе соработувате. Останете љубезни.

РИБИ: Ова е период на изобилство, просветленост и волшебни можности: добивате предност, користејќи ја својата нагласена интуција. Соочување со реалноста и пресекување на нездравите и илузорни односи: сега сте слободни, здрави и весели и сакате тоа да го прославите со пријателите. После бурата доаѓа Сонце!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]