Како сестри: Анџелина Џоли и Мишел Фајфер на премиера во Рим


Италија– Анџелина Џоли (44) и Мишел Фајфер (61) прошетаа по црвениот тепих во Рим, на премиерата по повод продолжението на филмот „Господарка на злото“.

Џоли реши да ги изненади сите и наместо црните комбинации на кои навикнавме, заблеска во интересна креација со црни тесни панталони и плисиран асиметричен горен дел во виолетова бојана „Живанши“. Со својот стајлинг ги воодушеви публиката и модните критичари.

Освен неа, големо внимание привлече и Мишел Фајфер, иако во поскромно издание, која глуми заедно со Анџелина во филмот. На нејзина сметка пристигна безброј позитивни коментари, со оглед на тоа дека иако неодамна наполни 61 година, воошто не се познава дека е цели 17 години постара од Џоли.