Доналд Сатерленд со почесна награда на фестивалот „Сан Себастијан“


Шпанија- Канадскиот актер Доналд Сатерленд, познат по најразлични филмови како што се „М * А * С * Х“ и серијалот „Игри на гладта“, ќе добие награда за целокупна креативност на фестивалот во Шпанскиот филм во Сан Себастијан, соопштија организаторите на АФП. На 26 септември, 84-годишниот актер ќе ја добие наградата Доностија, со која ќе […]

Се снима серија за првите дами: Вајола Дејвис ќе биде Мишел Обама


САД– Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја игра Мишел Обама во новата серија „Првите дами“. Телевизиската мрежа „Шоутајм“ најави проектот има за цел да се осврне на приватниот и политичкиот живот на некои од нajтаинствените херои. Првата сезона ќе го стави фокусот на Еленор Рузвелт, Бети Форд и Мишел Обама. Кој ќе ги глуми останатите две […]

Блерим Река скептичен за отворање преговори со ЕУ во октомври


Албанија – Поранешниот македонски дипломат и кандидат за претседател на последните избори, Блерим Река гледа со скептицизам по прашањето за добивање датум во октомври за отворање преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Гостувајќи во дневникот на тиранската телевизија Ора њуз изјави дека Северна Македонија треба да исполни два услова ако не „ќе се збогува […]

Надал се жени: Федерер, Роналдо и Енрике Иглесијас поканети на свадбата


Шпанија– 18-кратниот освојувач на Гренд-слем титули, Рафаел Надал, на својата свадба покани еден куп sвезди, меѓу кои и неговиот долгогодишен ривал Роџер Федерер, петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас. Свадбата на неговата свршеница Марија Франциска Перељо ќе се одржи на 19 октомври, северно од неговиот роден град Мајорка. Местото […]

Доделени „MTV Video Music Awards“: Тејлор Свифт има видео на годината


САД– Поп-sвездата Тејлор Свифт ја освои наградата на „MTV Video Music Awards“ (MTV VMA) во најпрестижната номинација за видео на годината. 36-тата церемонија за доделување на наградите на MTV се одржа во „Prudential Center“ во Њу Џерси. Свифт (29) ја освои наградата за песната „You need To Calm Down“. Нејзината сонародничка Аријана Гранде, исто така, […]

Заев во посета на рудникот „Бучим“ по повод Денот на рударите


Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во посета на рудникот „Бучим“ во Радовиш. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот ќе присуствува и ќе се обрати на настан посветен на одбележувањето на Денот на рударите и воедно одбележување на јубилејот 40 години работење на рудникот „Бучим“.

ЕУ се подготвува да забрани уште еден пестицид од 2020 година


Белгија – Европската Комисија подготвува предлог за забрана на супстанцата хлорпирифос која се користи во одредени пестициди, потврди портпаролката Анка Падурару. -Комисијата ќе преземе мерки да не се обнови авторизацијата за хлорпирофос етил и метил, нивната авторизација завршува во јануари 2020 година и работиме на проект за овие две супстанци да се забранат, изјави Падурару. Европската […]

Обвинителствотo знае каде се дел од парите од „Рекет“


Советот на јавни обвинители утре ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Јанева во моментов е во притвор за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Седницата на Советот вчера траеше речиси осум часа, […]

Форбс: Тејлор Свифт е најплатена пејачка во светот


САД– Тејлор Свифт со заработка од 185 милиони долари е на прво место на листата на Форбс за најплатени пејачки. Поп-ѕвездата зад себе ја остави до сега неприкосновената Бијонсе , која има над 100 милиони помалку заработувачка за оваа година. Трета е Ријана , четврта Кети Пери , а петта е Пинк. Тејлор Свифт со […]

Во Скопје се отвора најголемата игротека под отворено небо


Најголемата игротека под отворено небо Mondano Playground Center, ќе биде отворена попладне во рамки на Мондано Спортскиот комплекс зад гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Најмалите во игротеката ќе може да се дружат и да ги развиваат своите моторички способности на големиот Трамболина парк, забавниот Ninja Warrior парк и на Зорб топките за одење по […]

Во манастирот во Матка се одбележува Успение на Пресвета Богородица


Во манастирот во Матка крај Скопје денеска со Света Божествена Литургија и со народен собир ќе биде одбележан христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Празнувањето почна синоќа со Вечерна богослужба, духовна академија и сеноќно бдение со црковно пеење и читање псалми. Одбележувањето ќе биде збогатено […]

Надал лесно ја мина првата пречка на УС Опен


САД – Шпанецот Рафаел Надал се пласира во второто коло на Грен слемот УС Опен, откако ноќеска во три сета го надигра Австралиецот Џон Милман. Вториот носител на турнирот во Њујорк првито сет го доби со 6:3, а во следните два на противникот му препушти по два гема. Покрај Надал, ноќта меѓу вторник и среда од […]

Русија им откажа визи на двајца американски сенатори


САД– Двајца американски сенатори синоќа не добија руски визи како дел од конгресна делегација што наскоро ќе отпатува во посета на Москва во која се вклучени демократи и републиканци. Се работи за републиканскиот сенатор од Висконсин, Рон Џонсон и сенаторот Крис Марфи, демократ од Конектикат, членови на сенатската Комисија за надворешни работи. Двајцата во своите […]

„Медена земја“ македонски кандидат за Оскар


Филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов следната година ќе биде македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм “. Како што информира Друштвото на филмски работници, одлуката ја донела Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата во состав на Игор Иванов, режисер и претседател на ДФРМ, Ангела […]

Од четврток благ пад на температурите


Денес во поголемиот дел од земјава ќе се задржи стабилно и топло време. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Потоа, како што информира УХМР, следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад […]

Автобусите од јавниот превоз денес ќе сообраќаат по неделен возен ред


Возилата од јавниот превоз денес поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП-Скопје. По делничен возен ред ќе сообраќаат само возилата на приватните превозници, односно линиите 11, 11А, 47А, 55 и 55Б. Дежурни ќе бидат билетарниците кај Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 […]

Средното стручно образование со нови наставни програми и повеќе стручни предмети


Средното стручно образование е врвен приоритет на Министерството за образование и наука (МОН), а со неговото целосно реформирање од аспект на нови наставни програми од почетокот на оваа учебна година ќе биде насочено кон стекнување на вештини на знаење на учениците за профилот за кој се запишани. Ова го порача министерот за образование и наука […]

Наскоро платежни картички со отпечаток од прст


Англија – Од наредната година се очекува да се појават платежни картички кои наместо четирицифрен пин ќе имаат вграден читач за отпечаток од прст. Со платежните картички на новата генерација треба да се подигнат на повисоко ниво  ефикасноста за плаќање и безбедноста, наведува британскиот Би-Би-Си Клик. Овие картички не се разликуваат од стандардните, ниту бараат каков […]

Кантона ја добива УЕФА претседателската награда


Франција – Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската репрезентација Ерик Кантона е добитник на претседателската награда на УЕФА, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата. – Оваа награда не е само признавање на кариерата на одличен играч со уникатен талент, неспоредлив стил на игра и непобитна харизма, туку исто така ве почестува заличноста што сте […]

Веб апликацијата МојДДВ од денеска достапна на македонски, албански и англиски јазик


Веб апликацијата МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 отсто од ДДВ и бришење на фискални сметки што се скенирани по грешка, одвчера е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, информира Управата за јавни приходи. Од Управата посочуваат дека веб апликацијата МојДДВ може да се преземе на следниот линк, што е […]