Скопје танцов театар ја почнува новата сезона

Со претставата „Импулс#волумен13“, вечер од 20 часот во Музејот на современа уметност ќе биде отворена сезоната 2019/2020 на Скопје танцовиот театар.

Претставата е составена од повеќе делови, според концепт и кореографија на Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Рисима Рисимкин.

Со оваа претстава Скопје танцовиот театар најавува богата сезона, нови оригинални продукции, настапи на кореографи од странство, како и гостувања низ земјава и надвор од неа.

Скопје танцов театар е основан во 2011 година и е прва официјална компанија за современ танц во земјава. Предводен е од Рисима Рисимкин, основач и уметнички директор.