„Гем, сет, меч“ во Белата куќа: Меланија со лопата во потпетици


САД- Меланија Трамп, најави изградба на тениски павилјон на јужниот дел од Белата куќа за која вели дека ќе обезбеди „функционална област за рекреација и уживање на сите претседателски семејства“. Првата дама на САД помогна да се пробие теренот за проектот, симболично, фаќајќи се за лопата.И во оваа пригода беше исклучително елегантна, во капут, во омилената црна боја, и со салонки на високи потпетици на Лубутан.

Најавени се неколку детали за проектот, вклучувајќи ја и големината, цената и временската рамка за завршување. Од канцеларијата на првата дама Трамп велат дека приватните донации ќе ги покријат трошоците.

Фотографиите што таа ги објави ја прикажуваат првата дама и претседателот Доналд Трамп како се ракуваат со луѓе на постојниот тениски терен.

Претседателот Барак Обама бил страствен кошаркар, така што тој спортското игралиште го претворил во погоден терен за кошарка.

Претседателот Трамп е редовен следач на годишниот американски отворен тениски турнир што се одржува во неговиот роден Њујорк, но тој не присуствувал на турнирот откако е стапен на должноста претседател.

Во предлогот за изградбата се вели дека павилјонот „ќе обезбеди обединувачки елемент за тенискиот терен, таканаречените детска градина и кујна-градина“, според Си-Ен-Ен. Детската градина е инсталирана во 1968 година од страна на поранешната прва дама Лејди Брд Џонсон, додека кујна-градината е создадена во 2009 година од тогашната прва дама Мишел Обама.